Коцарев: Седумнаесетта надеж за Македонија
14 декември 2023
- Дали Македонија е апартхејд или не, оставам читателите да одговорат. Дали седумнаесеттата влада на Македонија ќе донесе вистински промени – не знам, само се надевам дека полошо од ова не може да биде, ниту на сон ниту на јаве.
- Изборот е јасен: можеме да продолжиме да се однесуваме како ништо да не се случува, да стануваме сè помалку подготвени за новите бесмислени барања, уцени… и сè поочајно да се инвестираме себеси, по линија на помал отпор, во денешнава сервилна Македонија, која, на сите нам ни е јасно, вака како што се движи, нема да може да опстои.
- Или можеме да ги засукаме ракавите и искрено и сериозно да почнеме со вистински промени да градиме суверена, правна и достоинствена Македонија!