Коцарев: Природното право и неприродната сервилност
25 ноември 2022
- До 2018 година, Македонија, во меѓународните односи, беше стабилна и избалансирана држава во однос на природното право и позитивното право: за повеќе од 130 земји во светот, вклучувајќи ги сите десет најнаселени земји, за четири од петте постојани земји-членки на Советот за безбедност на ОН и за седумнаесет земји на ЕУ27, ние бевме Македонци што живеат во Република Македонија.
- Со потпишаните договори со Грција и со Бугарија, соодносот меѓу природното право и позитивното право се наруши, па, така, Македонија не само што стана уставно недефинирана конституција и спорна територија туку природните права на Македонците, нивното право на самоопределување, нивниот национален идентитет и нивниот јазик се доведоа во прашање, до работ на постоењето и на чекор до целосно исчезнување.
- Како понатаму? Предлагам да не се помириме со состојбата во која се наоѓаме, водејќи се од изреката „наведната глава сабја не ja сече“, па, така, според моето мислење, предлагам првиот чекор да биде: гласно НЕ за договорот со Бугарија.