Коцарев: Единствен пат за опстојот на Македонија е бришење на придавката „северна“
31 март 2026
- „Моќта на НАТО, сонот за ЕУ и неукоста на грст македонски владетели од Македонија направија држава без идентитет, јазик, историја, име, а од Македонците – безимен народ“, вели академик Љупчо Коцарев во интервју за „Нова Македонија“.
- Првиот чекор за елиминирање на придавката „северна“, за што сум пишувал многупати, е раскинување на Договорот со Бугарија.
- Уставот е само формален проблем. И утре да го смениме и веднаш да важи, пак нема никаде да стигнеме! Сосема намерно, ЕУ го исфрли Уставот во преден план, за да остане прикриена, неоспорна и недопирлива катастрофалната преговарачка рамка, која тие ни ја скроија по бугарски терк! Со нејзина помош, треба да се затвори ‘македонското прашање’!