- Бугарски пратеници се степаа со клоци и боксови на пленарна седница на Народното собрание.
- На расправата за изградба на нови блокови во нуклеарната централа Козлодуј, меѓусебно се навредувале, а потоа и се степале пратениците Ѓунај Далолу од партијата ДПС и Радостин Василев, лидерот на партијата МЕЧ.
- Бугарија е во длабока политичка криза. Илјадници граѓани на масовни протести во Софија и другите градови го изразија својот гнев кон политичарите и корупцијата. Под притисок од протестите владата прво го повлече предлог-буџетот за 2026 година, а потоа премиерот Росен Жељазков поднесе оставка.
- Од другите актуелни парламентарни дуели го издвојуваме и Мексико.
- Испораките на сурова нафта преку Ормускиот проток во изминатата недела се приближија речиси до нивото пред војната на САД со Иран. Разликата е што американската поморска блокада не дозволува транспорт на иранска нафта.
- Според податоци на Kpler, седумдневниот просек на транзит во понеделникот достигнал 13,5 милиони барели на ден, колку што бил и во февруари од земјите од Персискиот залив, без Иран.
- Извозот на Саудиска Арабија од 6,4 милиони барели на ден го надминал просекот од 5,4 милиони барели во 2025 година. Дел од својата нафта Саудијците извезуваат и преку Црвено Море.
- Сепак, глобалната криза со гориво продолжува бидејќи протокот на рафинирани нафтени производи е 677.000 барели на ден, за разлика од 3,6 милиони барели пред да почне војната.
- Русија и Кина објавија забрана за извоз на дизел. Со забрана за извоз се закани и американскиот претседател Трамп, кој ги притиска европските земји да почнат да ги користат своите стратешки резерви на гориво за да ги спуштат цените на бензинските пумпи.