Кина ќе им забрани на експерти за вештачка интелигенција и други критични сектори да заминуваат во странство без специјална дозвола од владата.
Владата ќе биде овластена да спроведува безбедносни прегледи на странски инвестиции или трансфери на пари што би можеле да имаат влијание врз националната безбедност. Ќе може да им наложи на инвеститори да продаваат акции или да престанат да купуваат.
„Инвеститорите не смеат да пренесуваат стоки, технологии, услуги и поврзани податоци чиј извоз е забранет... со испраќање технички персонал надвор од земјата, организирање работа на персонал во други земји, обезбедување технички упатства надвор од границите или организирање прекугранична обука“, пишува во новата одредба, која стапува на сила од 1 јули.
Одредбите, исто така, вклучуваат можна забрана за странски компании кои работат со Кина, доколку нивните матични земји ограничат кинески инвестиции.
Наведувајќи причини поврзани со националната безбедност, Пекинг пред еден месец ѝ наложи на Мета да го откаже преземањето на кинескиот стартап за вештачка интелигенција Манус.
Меѓународниот кривичен суд ја затвори долгогодишната истрага за злосторства извршени од американските сили во Авганистан по 2003 година.
Првичната истрага беше одобрена пред шест години, но долго време беше замрзната. Судскиот совет сега заклучи дека Обвинителството повеќе не е способно ефективно да спроведува истраги и да обезбедува докази, што дополнително се усложнува поради времето што изминало од извршувањето на наводните злосторства.
Ќе продолжи посебен случај „Ситуацијата во Авганистан II“, кој се фокусира на наводни злосторства на талибанците по август 2021 година, вклучително и прогон на жени и девојчиња. Меѓународниот кривичен суд веќе објави налози за апсење на високи талибански лидери.
САД не се членка на МКС и ја отфрлаат неговата надлежност врз американските државјани. Вашингтон воведе санкции против судии и обвинители откако Судот објави меѓународна потерница по израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поврзана со злосторства во Газа.
Американскиот државен секретар Марко Рубио минатата недела го обвини Судот дека „го користи меѓународното право како инструмент на глобалните елити“.
Не сите веруваат дека отстранувањето на Хуанг Јенсен од Нвидиа се сведува на крими-трилер приказна каква што ѝ се нуди на јавноста, приказна за убава, згодна и вешта кинеска шпионка инфилтрирана како љубовница на кралот на чиповите.
Еден од таквите е Дејвид Сакс - поранешниот цар за вештачка интелигенција на Трамп, кој сега е копретседател на Советот на советници на претседателот за наука и технологија.
Во подкаст со уште неколку ИТ познавачи, се потсетува дека Јенсен беше еден од најголемите корпоративни опен сорс поддржувачи што беше голема главоболка на еден влијателен блок луѓе кои сакаа моделите и чиповите да се под построга контрола.
Шпионската приказна била само средство да се исполни главната цел.