Кардиналот Бозаниќ се повлече, нов загрепски надбискуп е Кутлеша
16 април 2023
- Папата Франциско го прифати барањето за пензионирање на загрепскиот кардинал Јосип Бозаниќ кој беше именуван за кардинал во 2003 година од папата Иван Павле Втори.
- Ќе го наследи монсињор Дражен Кутлеша од Томиславград, роден 1968 година. Има докторирано на папскиот универзитет и зборува германски, италијански и англиски јазик.
- Кардиналот Бозаниќ во март 2024 година ќе наполнеше 75 години кога е вообичаена пракса од Папата да се побара изземање од службата, што тој може, нои не мора да го прифати. Бозаниќ тоа го стори една година порано.