- Медицинскиот факултет на Јеил нелегално дискриминира кандидати на расна основа во процесот на прием на студенти, заклучи Министерството за правда на САД по едногодишна истрага. Во извештајот ова се истакнува како „загриженост за јавната безбедност“.
- Јеил ги фаворизирал црните и латиноамериканските кандидати на сметка на белите и азиските, што е директно кршење на федералниот закон за граѓански права и на пресудата на Врховниот суд од 2023 година против афирмативни акции.
- Истражувањето покажало дека црните кандидати имале дури 29 пати поголеми шанси да добијат интервју за прием отколку подеднакво квалификуваните азиски кандидати со слични оценки и резултати од стандардизирани тестови.
- Министерството води истраги за дискриминации на расна основа и на универзитите Харвард и УКЛА и на факултетите за медицина на универзитетите Стенфорд, Охајо и Сан Диего.
- Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
- Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
- Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
- Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
- Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
- Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти.
- Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари.
- Толку е веста. Легни.си.