- Суперјахтата „Норд“ на најбогатиот руски милијардер Алексеј Мордашов била пропуштена низ Ормускиот проток, кој е блокиран за бродски сообраќај и од Иран и од американските сили.
- Пред блокадата, низ протокот секој ден поминуваа по 125 до 140 танкери и други бродови. Сега се пропуштени само по два-три на ден, главно товарни. „Норд“ е првата јахта што поминала низ блокадата.
- Мордашов е сопственик на челичарницата „Северстал“ и близок пријател на претседателот Владимир Путин. Тој е на списокот на САД и ЕУ на санкционирани Руски поради врски со војната во Украина.
- „Норд“, која со должина од 142 метри е една од најголемите јахти во светот, има 20 кабини, базен, хелиодром и подморница. Вредноста ѝ е проценета на 500 милиони долари.
- Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
- Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
- Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
- Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
- Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
- Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти.
- Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари.
- Толку е веста. Легни.си.