Иво Санадер правосилно ослободен за воено профитерство
7 февруари 2025
- Вишиот кривичен суд на Хрватска ја потврди претходната одлука на судот со која поранешниот премиер Иво Санадер е ослободен од обвиненијата за воено профитерство во аферата Хипо.
- Според вторстепената судска инстанца, станува збор за нематеријална штета што секој државен функционер може да ја направи со извршување на кривично дело, без разлика дали тоа е сторено во време на војна или мир.