- Туристите во Италија веќе нема да можат сами да влезат во апартманот што го рентаат преку Ер-биенби, кога клуч им се остава во мал сеф пред врата чија шифра, откако ќе платат, им ја кажува газдата.
- Оние што издаваат ќе мора лично и визуелно да го проверат идентитетот на станарот. На властите им е страв од луѓе со терористички намери.
- „Живееме во деликатен историски момент на глобално ниво,“изјави првиот полицаец потсетувајќи дека се планирани важни политички, културни и верски настани во пресрет на божиќните празници.
- Не септемвриската листа должници на УЈП на врвот се три скопски фирми. Овој месец, најмногу должи компанијата „Хант осој трејд“, регистрирана во Скопје – 14,87 милиони евра.
- „Не поседува движен и недвижен имот. Има присилна наплата од парични средства. Утврдена е даночна гаранција, во тек се мерки за наплата од даночен гарант“, велат од УЈП за фирмата.
- Сличен износ должи уште една скопска фирма, регистирана во Визбегово – „Окитна трејд“, трета е компанијата „Лисав“, исто така регистрирана во Скопје.
- Оваа должничка листа се однесува на долговите што требало да се намират до 31 мај, а не биле регулирани ниту до 31 август. Се работи за обврски што произлегуваат од ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојните вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за компаниите и институциите, пренесува Слободен печат.
- Организацијата Big Brother Watch открива дека помеѓу 2021 и 2025 година биле уапсени 62.199 лица за дела поврзани со слободата на говорот, што претставува приближно 34 апсења дневно.
- Од нив, најмалку 18.500 лица биле обвинети, а 12.292 биле осудени. Наодите се базираат на барања за слободен пристап до информации.
- Групата открила и големи географски разлики во спроведувањето. Полицијата во Камбрија регистрирала околу 25,7 апсења на 10.000 жители во текот на пет години, во споредба со само 1,9 во соседната Нортумбрија.
- Big Brother Watch тоа го нарекува „Лотарија на поштенските кодови“.