- 14 годишната Вања Ѓорчевска која сред бел ден исчезна во центарот на Скопје и по која и натаму се трага е последна во, за нас, изненадувачки долгата листа на исчезнати лица.
- Линкот подолу ве носи до соодветниот дел на веб сајтот на МВР ( може некој нешто ќе препознае или ќе се сети).
- Стари, млади, машки, женски, Македонци, Албанци, Роми... некои се водат за исчезнати 5, 10, 15 години....
- Володимир З., украински нуркач осомничен дека во 2022 година го поставил експлозивот што го разнесе гасоводот Северен тек, е уапсен во полскиот град Прушков близу Варшава.
- Саботажата на гасоводот на дното на Балтичко Море ја прекина испораката на руски гас до Германија. Никој не ја презеде одговорноста за експлозијата. Берлин распиша меѓународна потерница по Володимир З. осомничен дека го поставил експлозивот, и по Серхиј К. кој ја координирал акцијата.
- Серхиј неодамна беше приведен во Италија. И двајцата ќе се борат против екстрадиција во Германија, врз основа на тврдењето дека потерниците не важат поради руската воена интервенција во Украина.
- Нападот врз инфраструктурата се однесува кон „Газпром“, кој е еден од сопствениците и директно ги финансира воените операции во Украина, изјави адвокатот на Володимир.
- Премиерот Христијан Мицкоски вели дека за 20 години Македонија би можела да падне под еден милион жители, што би предизвикало уривање на пензискиот и здравствениот систем.
- Демографската рецесија трае повеќе од 70 години, при што бројот на новородени деца е во постојан пад: во 1950 година имало над 50.000 новородени бебиња, лани само околу 16.000.
- „За 20 години се плашам дека ќе бидеме држава под 1 милион жители и тогаш ќе имаме на еден пензионер еден вработен. Тоа значи колапс за пензискиот и за здравствениот фонд. Нека ме нарекуваат конзервативен, заостанат, како сакаат, но ова мора да биде прв приоритет“, рече премиерот кој смета дека „формирањето многудетно семејство е највисок патриотски чин на еден народ за сопствената татковина“.