- Во напад со дронови врз воена база во Саудиска Арабија беше уништен витален E-3 Sentry авион, популарно наречен АВАКС (Airborne Warning and Control System).
- Се работи за летало кое се смета за драгоцен камен во круната на американската авијација, служи како нервен центар кој собира клучни податоци за состојбата на теренот, покривајќи преку 300.000 квадратни километри од бојното поле.
- Американците имаа 16 вакви летала, сега имаат 15. 40% од таа флота е ангажирана околу Иран.
- Освен ранетата гордост, материјалната штета се проценува на 500 милиони долари.
- Во нападот на базата Принц Султан биле ранети 15 американски војници.
- Меѓународниот кривичен суд ја затвори долгогодишната истрага за злосторства извршени од американските сили во Авганистан по 2003 година.
- Првичната истрага беше одобрена пред шест години, но долго време беше замрзната. Судскиот совет сега заклучи дека Обвинителството повеќе не е способно ефективно да спроведува истраги и да обезбедува докази, што дополнително се усложнува поради времето што изминало од извршувањето на наводните злосторства.
- Ќе продолжи посебен случај „Ситуацијата во Авганистан II“, кој се фокусира на наводни злосторства на талибанците по август 2021 година, вклучително и прогон на жени и девојчиња. Меѓународниот кривичен суд веќе објави налози за апсење на високи талибански лидери.
- САД не се членка на МКС и ја отфрлаат неговата надлежност врз американските државјани. Вашингтон воведе санкции против судии и обвинители откако Судот објави меѓународна потерница по израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поврзана со злосторства во Газа.
- Американскиот државен секретар Марко Рубио минатата недела го обвини Судот дека „го користи меѓународното право како инструмент на глобалните елити“.