Иранските власти очекуваат близу 20 милиони луѓе на државниот погреб на ајатолахот Али Хамнеи и на шестдневните церемонии на национална жалост. Хамнеи беше убиен во ракетен напад на 28 февруари – на првиот ден од војната со САД и Израел.
Церемонијата почнува утре во Техеран и Ком, а погребот е закажан за в четврток на 9 јули во Машхад – родното место на Хамнеи. Претседателот Масуд Пезешкијан ги повика сите Иранци да го испратат ајатолахот.
Мерките за безбедност се засилени мерки поради екстремните горештини, со температури до 40 Целзиусови степени, како и поради очекувањата за првото појавување во јавноста на Моџтаба Хамнеи откако беше избран за ајатолах. Моџтаба беше тешко ранет при нападот во кој загина неговиот татко.
Присуството на погребните церемонии го потврдија претседателите на Грузија и Таџикистан и премиерите на Ерменија и Пакистан. Државни делегации испратија Турција, Кина, Русија, Индија, Бангладеш и Авганистан.
Според ирански државни медиуми, свои претставници на комеморациите испратиле и антихегемонистички движења од Италија, Холандија, Британија, Данска и Австрија.
Меѓународниот кривичен суд ја затвори долгогодишната истрага за злосторства извршени од американските сили во Авганистан по 2003 година.
Првичната истрага беше одобрена пред шест години, но долго време беше замрзната. Судскиот совет сега заклучи дека Обвинителството повеќе не е способно ефективно да спроведува истраги и да обезбедува докази, што дополнително се усложнува поради времето што изминало од извршувањето на наводните злосторства.
Ќе продолжи посебен случај „Ситуацијата во Авганистан II“, кој се фокусира на наводни злосторства на талибанците по август 2021 година, вклучително и прогон на жени и девојчиња. Меѓународниот кривичен суд веќе објави налози за апсење на високи талибански лидери.
САД не се членка на МКС и ја отфрлаат неговата надлежност врз американските државјани. Вашингтон воведе санкции против судии и обвинители откако Судот објави меѓународна потерница по израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поврзана со злосторства во Газа.
Американскиот државен секретар Марко Рубио минатата недела го обвини Судот дека „го користи меѓународното право како инструмент на глобалните елити“.
Не сите веруваат дека отстранувањето на Хуанг Јенсен од Нвидиа се сведува на крими-трилер приказна каква што ѝ се нуди на јавноста, приказна за убава, згодна и вешта кинеска шпионка инфилтрирана како љубовница на кралот на чиповите.
Еден од таквите е Дејвид Сакс - поранешниот цар за вештачка интелигенција на Трамп, кој сега е копретседател на Советот на советници на претседателот за наука и технологија.
Во подкаст со уште неколку ИТ познавачи, се потсетува дека Јенсен беше еден од најголемите корпоративни опен сорс поддржувачи што беше голема главоболка на еден влијателен блок луѓе кои сакаа моделите и чиповите да се под построга контрола.
Шпионската приказна била само средство да се исполни главната цел.