- Иран истрелал два балистички проектили кон базата Диего Гарсија во Индискиот Океан, но не ја погодил американско-британската воена база на архипелагот Чагос. Еден проектил експлодирал во воздух, а другиот бил соборен со пресретнувачка ракета од американски брод.
- Диего Гарсија е оддалечен околу 4.000 километри од Иран. Тоа значи дека иранските проектили со среден дострел имаат многу поголем радиус на дејство отколку што претпоставуваа западните експерти.
- САД на Диего Гарсија имаат распоредено бомбардери, кои го користеа при воените кампањи во Авганистан и во Ирак.
- Британската влада синоќа потврди дека им дозволила на САД да ги користат базите Диего Гарсија и Ферфорт за „дефанзивни операции заради деградирање на иранските ракетни капацитети за напади врз бродови во Ормускиот теснец“.
- Одлуката го зголемува политичкиот притисок врз премиерот Кир Стармер, кој инсистира дека Британија „не е вовлечена во војната со Иран“.
- Меѓународниот кривичен суд ја затвори долгогодишната истрага за злосторства извршени од американските сили во Авганистан по 2003 година.
- Првичната истрага беше одобрена пред шест години, но долго време беше замрзната. Судскиот совет сега заклучи дека Обвинителството повеќе не е способно ефективно да спроведува истраги и да обезбедува докази, што дополнително се усложнува поради времето што изминало од извршувањето на наводните злосторства.
- Ќе продолжи посебен случај „Ситуацијата во Авганистан II“, кој се фокусира на наводни злосторства на талибанците по август 2021 година, вклучително и прогон на жени и девојчиња. Меѓународниот кривичен суд веќе објави налози за апсење на високи талибански лидери.
- САД не се членка на МКС и ја отфрлаат неговата надлежност врз американските државјани. Вашингтон воведе санкции против судии и обвинители откако Судот објави меѓународна потерница по израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поврзана со злосторства во Газа.
- Американскиот државен секретар Марко Рубио минатата недела го обвини Судот дека „го користи меѓународното право како инструмент на глобалните елити“.