- Вонредниот инспекциски надзор на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам во Општина Маврово и Ростуше покажало дека голем дел од потврдите за градби вон урбанистички планови биле незаконски потпишани од градоначалникот Медат Куртовски.
- Во последните пет месеци тој има потпишано триесетина такви решенија, на што реагираше и здружението Спас за Маврово.
- Инспекторите утврдиле дека од Медат Куртовски незаконски биле потпишани урбанистичките проекти за Миас фаворите, Глобал Балкан, Луан Мусаи… Сите овие решенија се однесуваат главно на градби околу Мавровското Езеро, апартмани, хостели, традиционални куќи за потребите на туризмот, згради со апартмани и студија…
- На 19 март, Садредин Елезовски, началник на Секторот за урбанизам на општината, во Скопје беше фатен како прима мито.
- Раде Трајковски Штекли е осуден на осум години затвор за трговија со дрога.
- Бил виновен за организирање група за трговија со кокаин и марихуана.
- Обвинетите Стефан Китанов, Александар Бучевски и Филип Таневски добија казни затвор од по пет години. Стојан Миланов е осуден на казна затвор од 3 години и 10 месеци.
- Постапката се водеше девет месеци, а судеше Илија Трпков. Тоа е судијата кому Апелација му укинуваше пресуди за 27 април а некои премети не му ги ни враќаше.
Види: Тешка но заслужена шлаканица за судијата Илија Трпков
- Изградбата на градската продавница што ја најави њујоршкиот градоначалник Зохран Мамдани во Харлем ќе чини четири пати поскапо од било кој друг супермаркет во градот.
- Градските власти ќе издвојат 30 милиони долари за продавница од 836 квадратни метри, што значи дека изградбата ќе чини речиси 36.000 долари по квадрат.
- За да се врати инвестицијата во рок од шест години, супермаркетот ќе треба да има дневен промет од 137.000 долари и профит од 13.000 долари.
- Мамдани најави дека ќе ја прошири иницијативата со изградба на пет градски продавници низ Њујорк – по една во секоја општина, за сума од 70 милиони долари.
- „Веројатно би можел да отворам 10 продавници со 70 милиони долари“, оцени магнатот на супермаркети Џон Кациматидис.