- Индиски суд им изрече смртна казна на девет полицајци за смртта на татко и син во притвор за време на пандемијата, со што се затвори случајот што предизвика национален гнев.
- 58-годишен трговец и неговиот 31 годишен син починале неколку дена откако беа приведени за време на ковид карантинот. Беа обвинети од полицијата дека ја држеле својата продавница за мобилни телефони отворена над дозволеното работно време.
- Полицајците ги мачеле таткото и синот „за да ги научат на лекција“ како да се однесуваат со полицијата. Биле соблечени голи и тепани додека не испуштиле душа. Потоа пробале да го прикријат делото.
- Последен пат беа бесени луѓе во Индија пред 6 години, за групно силување и убиство на млада жена.
- Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
- Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
- Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
- Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
- Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
- Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти.
- Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари.
- Толку е веста. Легни.си.