Имаме нов Колегиум
1 април 2026
- Луѓето кои останаа без работа откако згасна македонскиот сервис на Радио Слободна Европа, се здружиле во нов медиумски проект на нашата сцена.
-
Велат дека „Колегиум.мк е за читатели кои сакаат да знаат повеќе, а не само побрзо“.
-
„Целта е да отвораме и теми што често остануваат на маргините – приказни за луѓе, за локални проблеми и за одлуки што директно влијаат врз секојдневниот живот. Но, и да понудиме иновативен пристап со кој секој од Вас може да се стави во чевлите на луѓе кои заглавуваат низ системот, да ги поминете скалилата и сопките на кои секој може да наиде и да бидете едуцирани и подготвени за нив“, се наведува во првиот едиторијал.
-
Колегиум, аирлија работа.