- „Тој е хуманист, но не во смисла дека е добра личност, бидејќи не е.
Тој сака вечна слава за правење големи дела и тој е значителен посед за човековата раса бидејќи тој големите дела ги дефинира како нешто што е големо за човештвото. Тој е алчен за слава. Парите за него се средство, а не цел. Кој денес го вреднува Томас Едисон по основа на тоа кој од неговите изуми создал профит?“ прашува Роберт Зубрин во профилот за Маск изработен од магазинот Тајм по повод неговото прогласување за Личност на годината.
- Српскиот медиумски регулатор РЕМ изрече неколку казни за телевизијата Информер.
- Казнети се со петдневна забрана на емитување реклами а добија и две забрани за емисијата Колегиум во траење од 10 и 15 дена.
- Казните се изречени заради навреда на член на РЕМ и повреди на правилникот за известување за време на изборната кампања.
- На истата седница на РЕМ казни добија и телевизиите Прва и Курир (види овде).
- Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја номинираше Кристи Мекормик од Калифорнија за нова американска амбасадорка во Македонија, на местото на Анџела Агелер, која ја извршуваше функцијата до јануари годинава.
- Номинацијата вчера официјално била доставена до Сенатот, кој треба да ја одобри со гласање од Комитетот за надворешни работи.
- Мекормик не е дипломат од кариера, но работела како виш правен советник во амбасадата на САД во Багдад.
- Од 2014 до 2026 година била комесарка и претседателка на независната федерална Комисија за изборна помош на САД, а претходно извршувала правосудни и државни функции во сојузната држава Вирџинија.