- Загреб, Пула, Ријек, Крижевци, Црес и Крк се градови во кои веќе се започнати планови за производство на електрична енергија од соларни панели.
- Хрватскиот закон овозможува граѓаните да се здружуваат во енергетски заедници, проекти во кои можат да се вклучуваат сопсттвеници на семејни куќи и повеќестамбени згради кои на крововите можат да постават фотонапонски ќелии.
- Оптимално би било граѓаните да здружат инвестиции од 243.000 евра а остатокот да се обезбеди од кредити.
- Главниот ирански преговарач Мохамед Галибаф го оцени катастрофалниот пораз на републиканците на изборот за Конгресот како јасен знак дека американските граѓани се против војната со Иран.
- „Американците рекоа ‘НЕ ЗА ВОЈНА’. Ние ја поддржуваме оваа порака“, изјави Галибаф.
- Ако американската влада ја изневери волјата на својот народ за да им служи на меѓународни налогодавачи и уценувачи, ќе сфати дека нашето ’НЕ‘ носи кошмар“, додаде претседавачот на Парламентот на Иран.
- Во последните неколку недели пред изборите американскиот претседател Трамп во исто време се закануваше со нови, уште пожестоки напади врз Иран и разгледуваше нова мировна иницијатива за крај на војната. На прашањето дали ќе нареди нови напади уште во текот на оваа недела, одговори: „Ние сме спремни ако треба, но можеби нема да нема потреба“.