- Секретарот за одбрана Пит Хегсет наредил Пентагон да изнајде бирократски и програмски трошоци од 50 милијарди долари што може да бидат скратени во текот на идната фискална година. Парите ќе бидат пренаменети за финансирање на проекти што претседателот Доналд Трамп ги смета за приоритетни.
- Цел на кратењето ќе бидат непотребната бирократија и програмите насочени кон климатските промени и другите воук иницијативи за разновидност, еднаквост или инклузивност.
- Пентагон ќе го пренасочи фокусот кон приоритетите што ги наметна Трамп, како обезбедувањето на границите или изградба на Железна купола за Америка, изјави Роберт Селисис, заменикот на Хегсет.
- Сумата од 50 милијарди долари е околу 8 отсто од воениот буџет. Се претпоставува дека ќе будат укинати програмите за набавка на алтернативни горива за авионите или за заштита на воените бази од последиците на климатските промени.
- Во 2013 година заради намалување на буџетскиот дефицит Пентагон мораше да скрати 56 милијарди долари за неколку месеци. Тоа се постигна со масовно отпуштање на офицерите од низок ранг и со намалување на часовите за обука.
- Концентрацијата на богатството кај мала група луѓе во 27 земји од светот го надминала нивото во кое 0,1% од возрасната популација поседуваат повеќе од најсиромашните 80% од жителите.
- Јазот е најдлабок во Русија, а најмалку е изразен во Словачка.
- Македонија според оваа класификација е меѓу земјите со порамномерна распределба на богатството.
- Јужна Африка нуди впечатлив пример за тоа колку можат да бидат трајни овие разлики. Студија што го опфаќа периодот од 1993 до 2017 година покажа дека немало трајно намалување на нееднаквоста во богатството по крајот на апартхејдот.
- Разговорите на администрацијата на Трамп со Русија за крај на војната во Украина се проширија со нафтен договор вреден повеќе милијарди долари, од кој би профитирале деловни луѓе од Блискиот Исток поврзани со двајцата главни американски преговарачи, Стив Виткоф и Џаред Кушнер.
- Договорот се однесува на голем број нафтени полиња, рафинерии и бензински пумпи ширум светот во сопственост на „Лукоил“, една од најголемите руски енергетски компании.
- Откако администрацијата на Трамп лани воведе санкции против „Лукоил“, компанијата реши да го продаде својот имот во странство. Министерството за финансии на САД дисквалификува неколку потенцијални купувачи на „Лукоил“.
- Сега е договорено имотот да биде продаден на група во која учествува инвеститорот Тод Боли, кој донирал 2 милиони долари за политичките цели на претседателот Трамп, на две групи од Блискиот Исток кои соработувале со Кушнер или Виткоф, како и еден огранок на американската влада.
- На средбата со Виткоф и Кушнер во Кремљ на 5 септември, Путин предложил договорот да се реализира „како начин да им се покаже на Русите дека можат да соработуваат со САД“. Виткоф и Кушнер имале директна улога во преговарањето за финансиските услови, за да се обезбеди „значителна авансна исплата и удел за САД во добивката“, пишува Њујорк тајмс.