Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Градежни бандити го уништуваат Маврово, жителите бараат да им се врати општината

13 ноември 2021
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • „Бараме од новата локална власт уривање на типските градби кај хотелот Радика,  да се запре градењето на објекти околу Мавровското езеро и да се утврдат останатите дивоградби“, порачува „Спас за Маврово“.
  • Од Владата бараме да се престане со отуѓување на државно земјиште, да не се издаваат дозволи за градба во заштитниот појас околу езерото. Во процесот на издавање на дозволите за градба да бидат вклучени и соседите, под итно да се затворат угостителските објекти кои немаат пречистителна станица, затоа што сега сите фекалии одат во Мавровско езеро“, истакнаа од одборот.
  • "Единствен излез е Маврово пак да биде независна општина како што беше пред 15 години. Постоечката општина не ни дава вода и не ни го собира сметот, работи обратно, ни зема вода и ни носи смет. Општината гради згради со 160 стана и уште не убедува дека е тоа се легално. Таа направи да нема риби во езерото, нема ракови, водата е валкана. Засега барем потпретседател на општината треба да биде човек од Маврово, за да го зачуваме тоа што остана. И тоа ако го снема, да си собереме парталите и да заминеме," вели Митко Кочоски, сопственик на викендичка.
извор

Пет земји ја кочат интеграцијата на Црна Гора во ЕУ

19 септември 2026
  • Share
  • Post
  • Холандија побарала пауза на процесите за интеграција на Црна Гора во Европската Унија укажувајќи на потребата од „дополнителна анализа и поконзистентна примена на сите утврдени стандарди“.
  • На ова барање се придружиле и Хрватска, Естонија, Литванија и Летонија. Инсистираат на темелна проверка на исполнетоста на клучните критериуми пред да се донесат какви било нови одлуки на европско ниво.
  • „Она што сега изгледа сигурно е дека нема да се затворат поглавја на маргините на состанокот на Советот на ЕУ овој месец, спротивно на претходните очекувања и најави“, заклучува подгоричкиот весник „Дан“.
  • Црна Гора досега има затворено 18 од 33-те преговарачки поглавја. Хрватска го блокираше Поглавјето 14, кое се однесува на транспортната политика. Веќе две години е блокирано Поглавјето 31 – кое ја опфаќа надворешната, безбедносната и одбранбената политика.
извор

Странски криминалци ги преполнија затворите во Финска

19 септември 2026
  • Share
  • Post
  • Поради преполнетост на затворските капацитети, Финска бара правна рамка за да префрла осудени криминалци да ја отслужуваат казната во странство. Тоа подразбира и странските затвореници да бидат префрлени во ќелии во нивните матични земји.
  • Хелсинки ги разгледува опциите на Шведска - која од август почна да префрла свои осуденици во затвор во естонскиот град Тарту, или на Данска - која во десетогишен договор од 210 милиони со Косово изнајми 300 ќелии во затворот во Гњилане.
  • Според податоци на Службата за затвори и условна слобода, во Финска има околу 3.900 затвореници, од кои 950 се странски државјани.
  • Бројот на странски затвореници е зголемен за 76% изминатата деценија, а бројот на фински затвореници во истиот период е намален.
  • Најголем дел од странските затвореници отслужуваат казни за кривични дела поврзани со дрога (49%), за сексуални престапи (21%) и за убиства (10%).
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

22 години без Даниел Михајловски

2

Живеење на Месечината паѓа во вода

Наука
3

Кога со себе ќе го земеш и своето село

Македонштина
4

„Маж ми нема другари“

5

Да си знаат

Македонштина
6

Дарко Лешоски: Зошто уште го правите ова? До кога?!

Разно
7

Србија е сè, само не е досадна (компилација)

Балканштина
8

Економската бесмисленост на бесплатниот автобуски превоз

Урбан
1

22 години без Даниел Михајловски

2

Живеење на Месечината паѓа во вода

Наука
3

Економската бесмисленост на бесплатниот автобуски превоз

Урбан
4

Што толку згреши ЕУ за да ја заслужи Урсула?

Мислења
5

Трамп постигна договор со Данска за Гренланд

6

Англиканската црква ја повлече наградата за пакистанскиот имам

7

Трамп сака бизнис со Москва пред да заврши војната

Свет
8

САД ќе почнеле војна со Кина поради лоша проценка на ВИ

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Да си знаат

Балканштина

Србија е сè, само не е досадна (компилација)

Балканштина

Оние што се по ЈУС уште траат

Македонштина

Кога со себе ќе го земеш и своето село

Македонштина

„Жртва“ на денот

Балканштина

Чуда на диетата

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Летвичката за пијанство е подигната

Како се раѓаат насловите во треш портали?

Додека вие пушите, Бугарките си свиркаат

Во името на сите оние родени во 90 и некоја

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy