- Горан Агелов Ќосето е пуштен условно на слобода, откако помина осум години во затвор по пресудата за насилниот упад во Собранието на 27 април 2017 година.
- Ангелов за МКД.мк потврди дека добил условен отпуст, откако отслужил две третини од казната, односно 8 од вкупно 11 години затвор. Тој е првиот што доби условен отпуст од оваа постапка, за која сите обвинети тврдеа дека е политички монтиран процес.
- Од првото судење па сè до денес тој тврди дека не е виновен за кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста: „Најголема болка е кога не сте виновен, а ви велат дека сте терорист“.
- Во случајот за „27 април“ 16 лица беа правосилно осудени на затворски казни кои се движеа од 7 до 16 години затвор.
- Испораките на сурова нафта преку Ормускиот проток во изминатата недела се приближија речиси до нивото пред војната на САД со Иран. Разликата е што американската поморска блокада не дозволува транспорт на иранска нафта.
- Според податоци на Kpler, седумдневниот просек на транзит во понеделникот достигнал 13,5 милиони барели на ден, колку што бил и во февруари од земјите од Персискиот залив, без Иран.
- Извозот на Саудиска Арабија од 6,4 милиони барели на ден го надминал просекот од 5,4 милиони барели во 2025 година. Дел од својата нафта Саудијците извезуваат и преку Црвено Море.
- Сепак, глобалната криза со гориво продолжува бидејќи протокот на рафинирани нафтени производи е 677.000 барели на ден, за разлика од 3,6 милиони барели пред да почне војната.
- Русија и Кина објавија забрана за извоз на дизел. Со забрана за извоз се закани и американскиот претседател Трамп, кој ги притиска европските земји да почнат да ги користат своите стратешки резерви на гориво за да ги спуштат цените на бензинските пумпи.