Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Германија обвини украински специјалец за саботажата на гасоводот Северен тек

2 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Поранешниот украински специјалец Серхиј К. е официјално обвинет за саботажата на гасоводите Северен тек: за предизвикување експлозија и напади врз цивилна енергетска инфраструктура, кои според меѓународното кривично право се сметаат за воени злосторства. Вишиот регионален суд во Хамбург сега мора да одлучи за прифатливоста на обвиненијата и за евентуален датум на судење.
  • Зидојче цајтунг, АРД и Цајт тврдат дека доказите се обемни. Серхиј наводно разговарал со роднини и познаници за нападите додека бил во екстрадициски притвор во Италија, со што се инкриминирал. Истражителите, исто така, пронашле докази за вмешаноста на неговиот мобилен телефон.
  • Тој беше уапсен во август 2025 година врз основа на европска потерница додека бил на одмор во Италија. Со месеци се спротивставуваше на екстрадицијата во Германија, па дури и штрајкуваше со глад. Од ноември е во притвор во Хамбург.
  • Според обвинителите, Серхиј К. бил офицер во специјална единица на украинските вооружени сили и командувал со изнајмената едрилица „Андромеда“, од која заедно со шест соучесници, вклучувајќи експерт за експлозиви и четворица нуркачи, го минирале гасоводот. Поставиле четири бомби на длабочина од 80 метри кај данскиот остров Борнхолм. На 26 септември 2022 година ги детонирале бомбите, уништувајќи три од четирите цевководи Северен тек 1 и Северен тек 2. 
  • Друг нуркач од групата лани беше уапсен во Полска, но беше ослободен и замина во Украина. Премиерот Доналд Туск тогаш објасни дека „не е во интерес на Полска да го гони или екстрадира осомничениот“.
извор

Зеленски прифаќа крај на војната по сегашната линија на фронтот

21 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Володимир Зеленски изјави дека би прифатил мировен договор кој би го потврдил разграничување на Украина и Русија по сегашната линија на фронтот.
  • Тој потврдно одговори на прашањето од водителот на Фокс њуз, Брајан Килмид, „дали би се согласил на мировен договор со кој би се замрзнал статус квото, при што Украина би задржала најмалку 75% од својата територија?“.
  • „Во моментов треба да ја замрзнеме ситуацијата и сметам дека тоа е вистинскиот пат кон завршување на оваа војна. Ние тоа го нарекуваме прекин на огнот“, рече Зеленски.
  • Ако ова е прифатливо и за Русија, Киев би преговарал за безбедносни гаранции од САД и европските сојузници.
  • Зеленски ова го изјави по средбата во Осло со американскиот мировен пратеник Стив Виткоф, кој продолжи во Москва за да му го претстави новиот американски мировен план на рускиот претседател Путин.
  • Претходно Зеленски изјави дека Украина „не ја губи војната“, туку „губи луѓе, време, децата растат во воени услови...“ и затоа војната мора да заврши што е можно поскоро.

извор

Промената на подобро започнува со вложување во децата

21 октомври 2026
  • Share
  • Post
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Кои денови сте затворени?

Балканштина
2

Мини(ч) порака до фундаменталистите

Видео
3

Прасе за куче е делфин

Животни
4

Како Горан Баре славеше роденден

Балканштина
5

Голот на вечерта е волејот на Политано во 54 секунда

Фудбал
6

Зеленски прифаќа крај на војната по сегашната линија на фронтот

7

Од Персискиот Залив сега излегува повеќе нафта отколку пред војната

8

Франција гори од токсична улична коалиција

Мислења
1

Зеленски прифаќа крај на војната по сегашната линија на фронтот

2

Од Персискиот Залив сега излегува повеќе нафта отколку пред војната

3

Пет европски земји ќе депортираат мигранти во Руанда

4

И натаму ќе чекаме Брисел да ни каже колку е саат

5

Франција гори од токсична улична коалиција

Мислења
6

Дата-центарот на копно, работниците на пловечки затвор

Технологија
7

Франција испраќа војска на улиците

8

Апсења низ Србија спроти изборите

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Како Горан Баре славеше роденден

Балканштина

Кои денови сте затворени?

Македонштина

Богати и славни

Балканштина

Нова црногорска епика

Балканштина

Едно академско прашање

Балканштина

Како да се пофалиш дека имаш два Мерцедеса

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Не е ли чудно кога талибанците го фалат ББЦ?

Еластична вест

Мал чекор за човекот но голем за муабетите

Дискретните херои

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy