- Владејачката коалиција на конзервативците (ЦДУ/ЦСУ) и социјалдемократите (СПД) го намали буџетот на Сојузното министерство за економска соработка и развој за 8% а парите за итна помош се преполовени.
- „Мојот буџет е намален за околу 910 милиони евра во споредба со претходната година. Германија инвестира многу помалку во меѓународна соработка отколку што е урегентно потребно,“ изјави министерката за развој Рим Алабали Радован која сепак ги одби споредбите со политиките на Трамп.
- Во споредба со 2024 година, достапна е помалку од половина од акутната итна помош што ја обезбедува министерството за надворешни работи: 1,05 милијарди евра наместо 2,23 милијарди евра. Од 2022 до сега, таа помош е намалена за две третини.
- Агенциите за помош предупредуваат на драстични последици од ваквите одлуки.
- Британија и Франција постепено ќе го укинат договорот за размена на мигранти според принципот „еден внатре – еден надвор“, бидејќи биле депортирани премалку лица.
- Од склучувањето на договорот во август 2025 година па заклучно со 1 октомври годинава, во Франција биле вратени повеќе од 1.500 нелегални мигранти, а во спротивна насока биле префрлени нешто помалку од 1.500 легитимни баратели на азил во Британија.
- Проценетите трошоци за шемата изнесуваат 56.000 фунти по вратен мигрант, што достигнува вкупна сума од околу 84 милиони фунти.
- За споредба, во истиот период повеќе од 40.000 нелегални мигранти пристигнале во Обединетото Кралство со мали чамци.
- Лондон бил подготвен да го продолжи договорот, но Париз одбил, со образложение дека сака шема за враќање на ниво на целата Европска Унија.
- Изминатиот септември беше првиот по 32 години во кој немало ниту еден ураган во Атлантикот. Ова се случило само три пати досега – во 1994, во 1972 и во 1962 година.
- Просекот е 7 урагани во сезона, од кои 2 до 3 се во септември.
- Аномалијата се смета за последица на пацифичкиот климатски феномен Ел Нињо, за кој се предвидува дека годинава ќе биде најсилен досега.
- Оваа година може да биде првата без ниту еден ураган во Атлантикот откако во 1950 година почна да се води прецизна евиденција. Во просек во октомври се формира по еден ураган годишно, а повремено може да има и во ноември.
- Најмалку, само по два, имало во 1982 и 2013 година.