- Времето кога јавната администрација беше сведена на политички плен, кога владееја партизација, страв, реваншизам и клиентелизам, заврши, изјави премиерот Христијан Мицкоски.
- Тој ја обвини претходната влада дека оставила демотивирани службеници со нарушена доверба, кои со години чекале за соодветни системи за обука.
- Ние сме генерацијата што ја презема иницијативата и сака да ја донесе Европа дома – преку современ јавен сектор. Времето на Македонија е сега. Мора да ја извлечеме државата од мракот на партизацијата и да ја однесеме во светлината на европската иднина“, додаде Мицкоски.
- Хелсиншкиот комитет има податоци дека девојки го пријавувале Илија Стафеновски во полиција повеќе пати. Има пријави од 2013, 2017 и 2019 година.
- Девојка која го има пријавено пред 12 години била во врска со него година и половина, но кога кажала „не“ почнале проблемите: постојано ѝ ѕвонел, ѝ пишувал, се појавувал на местата каде што се движела, ѝ истурал пијачки.
- - Имаше драматични испади дека „ќе се убие“ ако не бидеме пак заедно, се сеќава таа.
- -По 13 години потсвесно ми беше очекувано дека вакво нешто ќе се случи. Го паметам тоа чувство кога нема каде да избегаш, немаш никаков излез. Полицијата сметам дека не е обучена, го гледа случајот изолирано, а не во поширок контекст и перспектива – споделува таа за „Слободен печат“.