Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Фрчат оставки поради досиејата Епстин

2 февруари 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Мирослав Лајчак, советникот за национална безбедност на словачкиот премиер Роберт Фицо поднесе оставка откако неговото име се појави во новообјавени документи поврзани со Џефри Епстин. Лајчак првично негираше дека е одговорен за било кривично дело, опишувајќи ги комуникациите како неформални, но објасни дека дава оставка за да спречи политичка штета на премиерот. 
  • Нови документи покажуваат дека Лајчак го замолил Епстин да го запознае со „млади девојки“, побарал да биде поканет на „приватните игри“ и му се пофалил дека „сè уште не го видел во акција“. 
  • Во времето на преписката, Лајчак истовремено бил министер за надворешни и европски работи претседател на Генералното собрание на ОН. Тој го претставил премиерот Фицо како „вистински човек за унапредување на политички интереси на западната мрежа на радикалната десница“. Епстин, пак, во порака до Стив Бенон, го идентификувал Лајчак како „човек што ќе води „европски проект“.
  • Покрај тоа што два мандати беше шеф на словачката дипломатија, Мирослав Лајчак беше на важни позиции на Балканот, како амбасадор во Сојузна Република Југославија (подоцна Србија и Црна Гора), со акредитација и во Албанија и Република Македонија (2001-2005), како супервизор на референдумот за независност на Црна Гора (2005), а потоа и специјален претставник на меѓународната заедница за БиХ (2007-2009) и специјален претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина и други регионални прашања на Западен Балкан (2020-2025).
  • Оставка од британската Лабуристичка партија вчера поднесе и поранешниот министер и амбасадор во САД, Питер Манделсон, за да ја спаси партијата од срам поради неговите приватни врски со Епстин.
  • Освен што го има на фотографии како по гаќи стои покрај жена (иако е отворено геј), документи сведочат Манделсон од Епстин добил 75.000 долари во 2003 и 2004 година. Од него се барало да влијае врз промена на владината политика за данок на бонуси на банкарите. Во тоа време, Манделсон бил бизнис секретар во владата на Гордон Браун. „Се трудам напорно да ја изменам. Министерството за финансии се занимава, но јас сум на случајот“, му напишал лордот Манделсон на Епстин.
извор

Нафтата повторно поминува преку Ормуз како пред војната

2 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Испораките на сурова нафта преку Ормускиот проток во изминатата недела се приближија речиси до нивото пред војната на САД со Иран. Разликата е што американската поморска блокада не дозволува транспорт на иранска нафта.
  • Според податоци на Kpler, седумдневниот просек на транзит во понеделникот достигнал 13,5 милиони барели на ден, колку што бил и во февруари од земјите од Персискиот залив, без Иран.
  • Извозот на Саудиска Арабија од 6,4 милиони барели на ден го надминал просекот од 5,4 милиони барели во 2025 година. Дел од својата нафта Саудијците извезуваат и преку Црвено Море.
  • Сепак, глобалната криза со гориво продолжува бидејќи протокот на рафинирани нафтени производи е 677.000 барели на ден, за разлика од 3,6 милиони барели пред да почне војната.
  • Русија и Кина објавија забрана за извоз на дизел. Со забрана за извоз се закани и американскиот претседател Трамп, кој ги притиска европските земји да почнат да ги користат своите стратешки резерви на гориво за да ги спуштат цените на бензинските пумпи.

извор

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

1 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
  • Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
  • Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Мадона сè повеќе личи на Добрила Чабриќ

Онака
2

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

3

Дарко Панчев ја подари прочуената Златна копачка во музејот на Ѕвезда

Фудбал
4

Роналдо се огласи по напуштањето на репрезентацијата

Фудбал
5

АНБ со мирис на УДБА

6

Квалификации

Балканштина
7

Елитно ментално

Забава
8

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

1

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

2

АНБ со мирис на УДБА

3

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

4

Почина Биљана Плавшиќ

5

Младината од ридовите граба палестински територии

Свет
6

Пентагон покани само шест сојузници на разговори за иднината на НАТО

7

Маск ќе ја крои иднината на војувањето

Свет
8

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Медиуми

Размислете за храната

Балканштина

Секој има ваков пријател

Медиуми

Како бре дете се судрило со Ауди???

Балканштина

Техничка поддршка за „Блокадери“

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Сублиминалните пораки на Екрем

Парче за ТВ историја

Каков сајт, лик и сè друго на денот

За 2.000-от пренос Усеин Болт ми трчаше пред очи

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy