- Некои винари од Бургундија (поконкретно од Шабли и Монташе), наместо со свое вино, полнеле шишиња со македонска смедеревка.
- Истрагата спроведена во соработка со Европол открила мрежа од седуммина фалсификатори на вино кои купувале вино од газда Ѓоко (Јавор), дополнително го одлежувале во барик буриња за да развие француски карактер а потоа го пласирале на пазарот под етикети на познати винарии од Бургундија.
- „Едноставно, немаме доволно вино, а никој не се занимава со тој проблем! Сфативме дека Смедеревката од Македонија може да биде одлична алтернатива кога ја пробавме во локално балканско бистро на пат кон Грција. Па, тоа е феноменално, тие имаат многу карпест тероар, соленоста и минералноста се неверојатни. Како да одолееме, особено по таа цена“, се правда енолог кој работи за една од винариите обвинети за фалсификување на бургундецот со заштитено географско потекло.
- Toj бил шокиран кога видел дека Балканците пијат вино помешано со газирана вода, често со „некој вид бургер испечен на ќумур“ (читај: плескавица)
- Концентрацијата на богатството кај мала група луѓе во 27 земји од светот го надминала нивото во кое 0,1% од возрасната популација поседуваат повеќе од најсиромашните 80% од жителите.
- Јазот е најдлабок во Русија, а најмалку е изразен во Словачка.
- Македонија според оваа класификација е меѓу земјите со порамномерна распределба на богатството.
- Јужна Африка нуди впечатлив пример за тоа колку можат да бидат трајни овие разлики. Студија што го опфаќа периодот од 1993 до 2017 година покажа дека немало трајно намалување на нееднаквоста во богатството по крајот на апартхејдот.
- Разговорите на администрацијата на Трамп со Русија за крај на војната во Украина се проширија со нафтен договор вреден повеќе милијарди долари, од кој би профитирале деловни луѓе од Блискиот Исток поврзани со двајцата главни американски преговарачи, Стив Виткоф и Џаред Кушнер.
- Договорот се однесува на голем број нафтени полиња, рафинерии и бензински пумпи ширум светот во сопственост на „Лукоил“, една од најголемите руски енергетски компании.
- Откако администрацијата на Трамп лани воведе санкции против „Лукоил“, компанијата реши да го продаде својот имот во странство. Министерството за финансии на САД дисквалификува неколку потенцијални купувачи на „Лукоил“.
- Сега е договорено имотот да биде продаден на група во која учествува инвеститорот Тод Боли, кој донирал 2 милиони долари за политичките цели на претседателот Трамп, на две групи од Блискиот Исток кои соработувале со Кушнер или Виткоф, како и еден огранок на американската влада.
- На средбата со Виткоф и Кушнер во Кремљ на 5 септември, Путин предложил договорот да се реализира „како начин да им се покаже на Русите дека можат да соработуваат со САД“. Виткоф и Кушнер имале директна улога во преговарањето за финансиските услови, за да се обезбеди „значителна авансна исплата и удел за САД во добивката“, пишува Њујорк тајмс.