Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Финска ќе прифати нуклеарно оружје, Романија одбива

6 март 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Финска планира да ја укине забраната за поставување нуклеарно оружје на нејзината територија, за да ги исполни стандардите на НАТО за колективна одбрана.
  • Законот за нуклеарна енергија усвоен во 1987 година забранува увоз, производство, поставување и детонирање нуклеарни експлозиви на финска територија. Финска беше неутрална земја во времето на Студената војна, но реши да се приклучи на НАТО по руската инвазија врз Украина. 
  • Министерот за одбрана Анти Хоконе изјави дека забраната „повеќе не е релевантна“ и дека е невообичаена за членки на НАТО. Тој додаде дека Хелсинки не побарал распоредување нуклеарни проектили на финска територија и нема планови за нуклеарни тестирања во иднина.
  • „Ова е изјава што води кон ескалација на тензиите на европскиот континент. Оваа изјава ја зголемува ранливоста на Финска. Факт е дека со распоредувањето нуклеарно оружје на своја територија, Финска почнува да ни се заканува. И ако Финска ни се заканува, ние ќе преземаме соодветни мерки“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
  • Романскиот претседател Никушор Дан изјави дека нема да дозволи поставување делови од нуклеарен систем на романска територија. „Како членка на НАТО, Романија е под нуклеарната заштита што ја нудат САД. Тоа не значи присуство на нуклеарни елементи на романска територија. На среден рок, нема шанси да бидеме домаќини на нуклеарни компоненти“, изјави Дан.
  • Емануел Макрон пред неколку дена изјави дека Франција ќе го прошири својот нуклеарен арсенал и ќе им дозволи на европските партнери да прифатат француски воени авиони во мисии за нуклеарно одвраќање. Тој додаде дека Грција, Полска, Холандија, Белгија, Данска и Шведска би можеле да учествуваат на француските нуклеарни воени вежби.
извор

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

1 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
  • Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
  • Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
извор

Заради Трамп, масовно се купуваат словенечки домени

1 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
  • Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
  • Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти. 
  • Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари. 
  • Толку е веста. Легни.си.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Мадона сè повеќе личи на Добрила Чабриќ

Онака
2

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

3

Дарко Панчев ја подари прочуената Златна копачка во музејот на Ѕвезда

Фудбал
4

Роналдо се огласи по напуштањето на репрезентацијата

Фудбал
5

Квалификации

Балканштина
6

Елитно ментално

Забава
7

АНБ со мирис на УДБА

8

Размислете за храната

Медиуми
1

Не ја погубиле ни со две смртоносни инјекции

2

АНБ со мирис на УДБА

3

Германија го признава гревот кон Западен Балкан

4

Почина Биљана Плавшиќ

5

Пентагон покани само шест сојузници на разговори за иднината на НАТО

6

Младината од ридовите граба палестински територии

Свет
7

Маск ќе ја крои иднината на војувањето

Свет
8

САД сакаат да ја жртвуваат Европа

Мислења
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Медиуми

Размислете за храната

Балканштина

Секој има ваков пријател

Медиуми

Како бре дете се судрило со Ауди???

Балканштина

Техничка поддршка за „Блокадери“

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Денови ли се денови, боговски маки големи

Како сум систематски уништен од идиоти

Додека се ругаше само Бонева

Етнички мебел

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy