- Заев не го смени Венко Филипче за 14 изгорени луѓе, го смени за четири пратеника на Алтернатива.
- Алтернатива влегува во Владата и ќе води три министерства: здравство, информатичко општество, дијаспора.
- Кај Алтернатива одат и МЕПСО, Фондот за пензиско осигурување, Железници, Клинички центар Тетово, Агенција за странски инвестиции… Партијата на Гаши ќе добие и двајца или тројца заменик министри, еден во Министерството за образование и наука, еден во Министерството за култура, а за третиот ресор останува дополнително да се прецизира дали е во ресорот земјоделие.
- Српскиот медиумски регулатор РЕМ изрече неколку казни за телевизијата Информер.
- Казнети се со петдневна забрана на емитување реклами а добија и две забрани за емисијата Колегиум во траење од 10 и 15 дена.
- Казните се изречени заради навреда на член на РЕМ и повреди на правилникот за известување за време на изборната кампања.
- На истата седница на РЕМ казни добија и телевизиите Прва и Курир (види овде).
- Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја номинираше Кристи Мекормик од Калифорнија за нова американска амбасадорка во Македонија, на местото на Анџела Агелер, која ја извршуваше функцијата до јануари годинава.
- Номинацијата вчера официјално била доставена до Сенатот, кој треба да ја одобри со гласање од Комитетот за надворешни работи.
- Мекормик не е дипломат од кариера, но работела како виш правен советник во амбасадата на САД во Багдад.
- Од 2014 до 2026 година била комесарка и претседателка на независната федерална Комисија за изборна помош на САД, а претходно извршувала правосудни и државни функции во сојузната држава Вирџинија.