- Министерството за внатрешни работи на својата официјална фејсбук-страница објави фотографија генерирана со вештачка интелигенција, без притоа да ја означи како таква.
- Фотографијата беше објавена како илустрација на информација за спасување планинар на Матка. Корисниците на социјалните мрежи брзо забележаа очигледна грешка – раката на еден од полицајците беше неприродно издолжена, што е една од честите аномалии кај сликите создадени со вештачка интелигенција.
- По реакциите во јавноста, МВР ја повлече спорната фотографија и ја замени со друга.
- САД лани дупчеле рекордни 13,6 милијарди барели сурова нафта дневно, со што се зацврстиле на позицијата најголем производител во светот, на која се уште од 2018 година.
- На второто место во светот во 2025 година била Русија, со 9,9 милиони барели нафта на ден, на третото е Саудиска Арабија со 9,6 милиони барели, а на четвртото е Канада со 5 милиони барели сурова нафта на ден.
- Американците лани го собориле сопствениот рекорд од 13,2 милиони барели на ден постигнат во 2024 година. Проценките се дека годинава ќе го зголемат производството на 13,7 милиони, а и понатаму ќе го зголемуваат, откако администрацијата на Трамп одобри нови договори за дупчење нафта покрај бреговите на Алјаска, Флорида и Калифорнија.
- Во април извозот на сурова нафта од САД достигна 5,6 милиони барели дневно, што е за 21% повеќе од досегашниот рекорд во декември 2023 година. Извозот на нафтени производи, вклучувајќи керозин и бензин, достигна највисоко ниво од декември 2024 година.
- Управата за енергетски информации соопшти зголеменото производство е резултат на подобрената оперативна ефикасност од извлекувањето нафта од шкрилци – операторите просечно добиваат повеќе нафта по бунар.