Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Европа се плаши дека Американците ќе се повлечат од Косово

20 февруари 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Италија веќе се подготвува за повлекување на американските трупи од составот на КФОР, што би ја оставило Европа „сама“ да го заштитува Косово „од пријателот на Путин и моќната српска армија“, тврдат извори на „Билд“.
  • Нашата посветеност на стабилноста на целиот Западен Балкан е цврста. КФОР го продолжува својот мандат. САД и понатаму имаат клучна улога во КФОР со повеќе од 600 војници, одговори НАТО на барање од косовската телевизија „ТВ1“.
  • Европски функционери се плашат дека Доналд Трамп би можел да му го исполни на Владимир Путин барањето од 2021 година - американските војници да се повлечат од сите земји што станаа членки на НАТО по 1990 година, но и од мировните сили на Косово.
  • Европски функционери се убедени дека Трамп ќе се согласи со повлекување на американските трупи од Балтикот, а можеби и подалеку на запад. Нема дискусии за копнената база Рамштајн во Германија и за воздухопловните бази во Британија, пишува „Фајненшл тајмс“.
извор

Питер Тил се мисли поголем милијардер од Папата

5 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Милијардерот и технолошки магнат Питер Тил го обвини папата Лав XIV дека делува како „кинески комунистички агент“ застапувајќи се за регулирање на вештачката интелигенција во неговата серија предупредувања и предвидувања за иднината на вештачката интелигенција и западната цивилизација.
  • Ко-основачот на Пејпал и Палантир предупреди и на опасност од „социјалистички преврат“ во Демократската партија на САД.
  • Питер Тил беше еден од првите кои го поддржуваа Доналд Трамп а беше и ментор на кариерата на ЏејДи Венс.
  • Смета дека со тоа што бара меѓународна регулација на вештачката интелигенција, Папата се става во служба на кинеските интереси. 
  • Во есеј од 2009 година, Тил напиша дека слободата и демократијата не се компатибилни а дека женското право на глас ја направило „капиталистичката демократија“ оксиморон. Ја финансираше кампањата на Халк Хоган против Гавкер (по која медиумот банкротираше) зашто го пишуваа дека е геј.  

извор

САД ќе дозволат повисоки дози на зрачење од нуклеарните централи

3 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Американските регулатори предложија разлабавување на стандардите за безбедност од зрачење на нуклеарните реактори за да се олесни и забрза изградбата на нови атомски централи.
  • Ќе се укине стандардот за заштита „Најниско разумно остварливо ниво“ ALARA, кој е линеарен и нема дефинирани прагови, врз основа на претпоставката дека „секоја доза на зрачење, без разлика колку е мала, носи ризици од развој на рак“. Придржувањето до стандардите ALARA е енормно скапо, зголемувајќи ја цената на изградбата и работа на реакторите за милијарди долари.
  • Операторите на нуклеарните централи ќе добијат поголема флексибилност да поставуваат прагови на дозволените дози на зрачење за работниците и околината, врз основа на специфичните околности и новите технологии.
  • Предложените измени се во согласност со наредбата на Доналд Трамп за четирикратно зголемување на американскиот капацитет за генерирање нуклеарна енергија од околу 100 гигавати во 2024 година на 400 гигавати во 2050 година.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Музеј на современи вазали

Македонштина
2

Египетскиот гигант висок 2,35

Кошарка
3

Земете ѝ ја возачката пред да утепа некого

Македонштина
4

Одбери ја својата криза на средни години

Мешано
5

Вимблдонска утопија

Мешано
6

Голот на Хрватска за 2:2 го поништил Снико

Фудбал
7

Украина ја тероризира Европа и со бомби и со кол-центри

Свет
8

Горди се што се Американци, ама не се баш сигурни зошто

Разно
1

Горди се што се Американци, ама не се баш сигурни зошто

Разно
2

Украина ја тероризира Европа и со бомби и со кол-центри

Свет
3

Иран очекува 20 милиони луѓе на погребот на ајатолахот Али Хамнеи

4

Донаторите за салата на Трамп од 400 милиони долари, добиле бизниси од 50 милијарди

Разно
5

Иран и Оман доставиле план за наплата на патарини

Свет
6

Директорот на најголемата руска банка побара да запре војната

7

Град со 2,7 милиони жители се разлади со 880.000 дрвја

Урбан
8

Питер Тил се мисли поголем милијардер од Папата

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Дискутабилни совети за бавча

Македонштина

Земете ѝ ја возачката пред да утепа некого

Македонштина

Музеј на современи вазали

Македонштина

Да одиме, да се напраиме расол

Балканштина

Татковска лага во име на виша кауза

Балканштина

Мајка

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Уште да готви како Алачки

Премногу популарни за да бидат кул

Резиме на босански воен ветеран

Записник од ОК коралот

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy