Низ ЕУ стапи на сила забраната за уништување на непродадена облека и чевли, со цел да се намали отпад од стотици илјади тони текстил годишно.
Секоја година во Европа се уништуваат 4% до 9% од новите текстилни производи, поради оштетувања, вратени нарачки или затоа што им поминала модата.
На големите компании со повеќе од 250 вработени и годишен промет над 50 милиони евра им се забранува да ги уништуваат залихите. Ќе мораат да ги понудат со големи попусти во аутлети, да ги пренаменат за други пазари или да ги донираат за хуманитарни цели.
Штефан Гент од Германската федерација за малопродажба тврди дека новата мерка може да биде полезна за купувачите, но ќе ги зголеми трошоците за продавачите. „Не може сета непродадена стока лесно да се препродаде или да се донира поради оштетени пакувања, високи логистички трошоци, недостиг на побарувачка или ниска вредност на производите“, вели Гент.
Меѓународниот кривичен суд ја затвори долгогодишната истрага за злосторства извршени од американските сили во Авганистан по 2003 година.
Првичната истрага беше одобрена пред шест години, но долго време беше замрзната. Судскиот совет сега заклучи дека Обвинителството повеќе не е способно ефективно да спроведува истраги и да обезбедува докази, што дополнително се усложнува поради времето што изминало од извршувањето на наводните злосторства.
Ќе продолжи посебен случај „Ситуацијата во Авганистан II“, кој се фокусира на наводни злосторства на талибанците по август 2021 година, вклучително и прогон на жени и девојчиња. Меѓународниот кривичен суд веќе објави налози за апсење на високи талибански лидери.
САД не се членка на МКС и ја отфрлаат неговата надлежност врз американските државјани. Вашингтон воведе санкции против судии и обвинители откако Судот објави меѓународна потерница по израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поврзана со злосторства во Газа.
Американскиот државен секретар Марко Рубио минатата недела го обвини Судот дека „го користи меѓународното право како инструмент на глобалните елити“.
Не сите веруваат дека отстранувањето на Хуанг Јенсен од Нвидиа се сведува на крими-трилер приказна каква што ѝ се нуди на јавноста, приказна за убава, згодна и вешта кинеска шпионка инфилтрирана како љубовница на кралот на чиповите.
Еден од таквите е Дејвид Сакс - поранешниот цар за вештачка интелигенција на Трамп, кој сега е копретседател на Советот на советници на претседателот за наука и технологија.
Во подкаст со уште неколку ИТ познавачи, се потсетува дека Јенсен беше еден од најголемите корпоративни опен сорс поддржувачи што беше голема главоболка на еден влијателен блок луѓе кои сакаа моделите и чиповите да се под построга контрола.
Шпионската приказна била само средство да се исполни главната цел.