Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

ЕУ спрема 19-та рунда санкции за Русија

8 септември 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Европската Унија е во завршна фаза на дизајнирањето на нејзиниот досега најобемен пакет санкции против Русија, насочен кон енергетски компании и шест руски банки.
  • Се дознава дека во новиот пакет, ограничувањата ќе се прошират на руските мрежи за плаќање и кредитни картички, берзите за криптовалути и ќе воведат построги ограничувања за извозот на нафта во земјата.
  • Мерките претставуваат значително заострување на напорите на ЕУ, во координација со Вашингтон, да ја осакати руската економија и да ја намали поддршката за претседателот Владимир Путин. 
  • Наспроти претходните 18 рунди санкции, руската воена економија успева да расте со повеќе од солидни стапки: 4,1% и 4,3% во 2023 и 2024-та. 
извор

САД ќе дозволат повисоки дози на зрачење од нуклеарните централи

3 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Американските регулатори предложија разлабавување на стандардите за безбедност од зрачење на нуклеарните реактори за да се олесни и забрза изградбата на нови атомски централи.
  • Ќе се укине стандардот за заштита „Најниско разумно остварливо ниво“ ALARA, кој е линеарен и нема дефинирани прагови, врз основа на претпоставката дека „секоја доза на зрачење, без разлика колку е мала, носи ризици од развој на рак“. Придржувањето до стандардите ALARA е енормно скапо, зголемувајќи ја цената на изградбата и работа на реакторите за милијарди долари.
  • Операторите на нуклеарните централи ќе добијат поголема флексибилност да поставуваат прагови на дозволените дози на зрачење за работниците и околината, врз основа на специфичните околности и новите технологии.
  • Предложените измени се во согласност со наредбата на Доналд Трамп за четирикратно зголемување на американскиот капацитет за генерирање нуклеарна енергија од околу 100 гигавати во 2024 година на 400 гигавати во 2050 година.
извор

Заради пијани туристи, Сплит забранува ноќно продавање алкохол

3 јули 2026
  • Share
  • Post
  • Повраќање по улици, уринирање на јавни места, спиење по влезови, тепачки и гласно викање до раните утрински часови се неизбежен летен декор на популарните туристички дестинации како што е Сплит.

  • Градот ќе проба да стави крај на ова со забрана за продажба на алкохолни пијалоци во продавниците од 21 часот до 6 часот наутро.

  • Во јуни Брзата помош интервенирала во 50-тина случаи на алкохолизирани на јавни места, повеќе од нив млади туристи од странство.

  • „Ќе се изнакупуваат алкохол пред девет навечер,“ вели жител на градот кој не верува дека мерката ќе даде резултат.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Голот на Хрватска за 2:2 го поништил Снико

Фудбал
2

Египетскиот гигант висок 2,35

Кошарка
3

Почина цајканот од сељаците

Музика
4

Украина ја тероризира Европа и со бомби и со кол-центри

Свет
5

Наполи има нов тренер

6

Музеј на современи вазали

Македонштина
7

Да одиме, да се напраиме расол

Македонштина
8

Град со 2,7 милиони жители се разлади со 880.000 дрвја

Урбан
1

Украина ја тероризира Европа и со бомби и со кол-центри

Свет
2

Град со 2,7 милиони жители се разлади со 880.000 дрвја

Урбан
3

Иран очекува 20 милиони луѓе на погребот на ајатолахот Али Хамнеи

4

Важна информација за битолчани

5

Ќе се сети ли некој на Индијанците?

Разно
6

Директорот на најголемата руска банка побара да запре војната

7

САД ќе дозволат повисоки дози на зрачење од нуклеарните централи

8

Европа се помирила со неизбежните патарини во Ормускиот проток

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Земете ѝ ја возачката пред да утепа некого

Македонштина

Музеј на современи вазали

Македонштина

Да одиме, да се напраиме расол

Балканштина

Татковска лага во име на виша кауза

Балканштина

Мајка

Балканштина

Евзони за српски огласи

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Како е да се живее во ЕУ со 165 евра месечно?

Потерница: цел или во делови

И кај нас стигнаа транс- деца

Ако Шкариќ ви заличува на озбилен човек кога го фали договорот со Грција

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy