- Европската комисија побара од граѓаните да направат „критични резерви“ од основни продукти како храна, вода и лекови доволни за најмалку 72 часа, за во случај на итни ситуации.
- Во новата Стратегија за подготвеност на Брисел како можен ризик за ЕУ се истакнува и „оружена агресија против членки на ЕУ“. Другите ризици се природни катастрофи, кибернетски напади и геополитичка криза.
- Стратегијата ќе се фокусира на подобрување на системите за рано предупредување, одржување на неопходните услуги како здравствената помош и пристапот до вода, како и помош на граѓаните да се подготват за криза.
- „Семејствата што живеат во зони во кои се можни поплави знаат што треба да направат кога ќе се крене водата. Системи за рано предупредување може да спречат губење скапоцено време при шумски пожари“, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен.
- Концентрацијата на богатството кај мала група луѓе во 27 земји од светот го надминала нивото во кое 0,1% од возрасната популација поседуваат повеќе од најсиромашните 80% од жителите.
- Јазот е најдлабок во Русија, а најмалку е изразен во Словачка.
- Македонија според оваа класификација е меѓу земјите со порамномерна распределба на богатството.
- Јужна Африка нуди впечатлив пример за тоа колку можат да бидат трајни овие разлики. Студија што го опфаќа периодот од 1993 до 2017 година покажа дека немало трајно намалување на нееднаквоста во богатството по крајот на апартхејдот.
- Разговорите на администрацијата на Трамп со Русија за крај на војната во Украина се проширија со нафтен договор вреден повеќе милијарди долари, од кој би профитирале деловни луѓе од Блискиот Исток поврзани со двајцата главни американски преговарачи, Стив Виткоф и Џаред Кушнер.
- Договорот се однесува на голем број нафтени полиња, рафинерии и бензински пумпи ширум светот во сопственост на „Лукоил“, една од најголемите руски енергетски компании.
- Откако администрацијата на Трамп лани воведе санкции против „Лукоил“, компанијата реши да го продаде својот имот во странство. Министерството за финансии на САД дисквалификува неколку потенцијални купувачи на „Лукоил“.
- Сега е договорено имотот да биде продаден на група во која учествува инвеститорот Тод Боли, кој донирал 2 милиони долари за политичките цели на претседателот Трамп, на две групи од Блискиот Исток кои соработувале со Кушнер или Виткоф, како и еден огранок на американската влада.
- На средбата со Виткоф и Кушнер во Кремљ на 5 септември, Путин предложил договорот да се реализира „како начин да им се покаже на Русите дека можат да соработуваат со САД“. Виткоф и Кушнер имале директна улога во преговарањето за финансиските услови, за да се обезбеди „значителна авансна исплата и удел за САД во добивката“, пишува Њујорк тајмс.