- Населението на ЕУ ќе се намали за 11,7%, односно за 53 милиони, до крајот на овој век, покажуваат најновите проекции на Евростат.
- На крајот на 2025 година, ЕУ имала 451,8 милиони жители, повеќе отколку во претходната година. Населението, според проекциите, ќе продолжи да се зголемува уште три години, ќе го достигне врвот од 453,3 милиони во 2029 година, а потоа ќе почне да се намалува до 398,8 милиони во 2100 година.
- Проектираната пирамида на возраста покажува дека процентот на деца и млади (до 19 години) ќе се намали од 20% на 17%, а на работоспособните возрасни лица од 58% на 50%.
- Во 2100 година 17% од жителите на ЕУ ќе бидат на возраст од 65 до 79 години, а 16 ќе бидат постари од 80 години.
- Резултатите се базираат на проценки според моделите на плодност, морталитет и миграција.
- Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
- Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
- Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
- Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
- Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
- Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти.
- Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари.
- Толку е веста. Легни.си.