Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

ЕУ ја прогласи иранската Револуционерна гарда за терористичка

30 јануари 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Европската Унија го стави Корпусот на Исламската револуционерна гарда на Иран на листата на терористички организации поради бруталната репресија врз демонстрантите.
  • „Додавањето на листата не е само симболично. Тоа носи многу конкретни последици: средствата се замрзнуваат, а секоја финансиска или материјална поддршка станува кривично дело“, изјави Хана Нојман, претседателка на делегацијата на Европскиот парламент за односи со Иран.
  • ЕУ, исто така, воведе санкции против 15 ирански функционери, вклучувајќи го и министерот за внатрешни работи Ескандар Момени. Санкции има и за регулаторот на аудио-визуелни медиуми и софтверски компании вклучени во блокада на интернетот, цензура, и ширење дезинформации.
  • Неколку членки на ЕУ, особено Франција, беа против одлуката да се прогласи главната иранска воена сила за „терористичка“. Тие тврдеа дека со тоа ќе се затворат сите дипломатски канали со Техеран, се ризикуваат одмазднички акции и се комплицираат преговорите за иранската нуклеарна програма.
  • Се очекува и Британија да го следи примерот на ЕУ. САД ја прогласија иранската револуционерна гарда за терористичка во 2019 година за време на првиот мандат на Трамп. САД сега испратија воена армада кон Персискиот залив и се закануваат со воен удар ако Техеран одбие да преговара за нуклеарната програма.
  • „Неколку земји во моментов се обидуваат да спречат ерупција на тотална војна во нашиот регион. Ниту една од нив не е европска“, порача иранскиот министер за надворешни работи. „Настрана очигледната хипокризија да се премолчи израелскиот геноцид во Газа, а да се брза да се бранат 'човековите права во Иран', овој последен ПР маневар на ЕУ е наменет да затскрие дека се работи за субјект во сериозен пад. Европејците заслужуваат подобро од она што нивните влади имаат да го понудат“, вика Абас Арагчи.

извор

Хаг ја запре истрагата за американски злосторства во Авганистан

16 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Меѓународниот кривичен суд ја затвори долгогодишната истрага за злосторства извршени од американските сили во Авганистан по 2003 година.
  • Првичната истрага беше одобрена пред шест години, но долго време беше замрзната. Судскиот совет сега заклучи дека Обвинителството повеќе не е способно ефективно да спроведува истраги и да обезбедува докази, што дополнително се усложнува поради времето што изминало од извршувањето на наводните злосторства.
  • Ќе продолжи посебен случај „Ситуацијата во Авганистан II“, кој се фокусира на наводни злосторства на талибанците по август 2021 година, вклучително и прогон на жени и девојчиња. Меѓународниот кривичен суд веќе објави налози за апсење на високи талибански лидери.
  • САД не се членка на МКС и ја отфрлаат неговата надлежност врз американските државјани. Вашингтон воведе санкции против судии и обвинители откако Судот објави меѓународна потерница по израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поврзана со злосторства во Газа.
  • Американскиот државен секретар Марко Рубио минатата недела го обвини Судот дека „го користи меѓународното право како инструмент на глобалните елити“.
извор

Дали Јенсен падна поради опен сорс?

15 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Не сите веруваат дека отстранувањето на Хуанг Јенсен од Нвидиа се сведува на крими-трилер приказна каква што ѝ се нуди на јавноста, приказна за убава, згодна и вешта кинеска шпионка инфилтрирана како љубовница на кралот на чиповите.
  • Еден од таквите е Дејвид Сакс - поранешниот цар за вештачка интелигенција на Трамп, кој сега е копретседател на Советот на советници на претседателот за наука и технологија.
  • Во подкаст со уште неколку ИТ познавачи, се потсетува дека Јенсен беше еден од најголемите корпоративни опен сорс поддржувачи што беше голема главоболка на еден влијателен блок луѓе кои сакаа моделите и чиповите да се под построга контрола.
  • Шпионската приказна била само средство да се исполни главната цел.
  • Кој стои зад сето тоа? Антропик.

 

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Грета Тунберг, фејкер беше, фејкер остана

Разно
2

Здружените италијански мафии ја засилиле соработката со албанската

3

Стоката излегла во парк

Македонштина
4

Кој ќе го замени Перо??

Македонски рулет
5

Од животот на еден тезгарош

Балканштина
6

После победата доаѓаат прашања

Мешано
7

Цена на злото

Балканштина
8

Дали Јенсен падна поради опен сорс?

1

Грета Тунберг, фејкер беше, фејкер остана

Разно
2

Здружените италијански мафии ја засилиле соработката со албанската

3

Дали Јенсен падна поради опен сорс?

4

Сенатор: Убавината е да им плаќаме на Украинците да убиваат Руси

5

Јакуза изгуби битка со јапонската бирократија

Занимливости
6

Рубио го истера Хуанг подалеку од Трамп

Свет
7

Македонските полицајци добиваат дополнителна интелигенција

8

Хуанг и министерот Лутник повикани на сослушување пред Конгресот

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Стоката излегла во парк

Балканштина

Цена на злото

Балканштина

Од животот на еден тезгарош

Македонштина

На некој да не му фали Волво?

Разно

Волк на скромна македонска софра

Балканштина

Потопување Мисици

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Не треба да им верувате на мејнстрим медиумите

Ете го чарето!

Ете „чиста дефиниција“ на македонскиот јазик

Кочо Анѓушев и повластените тарифи за фотоволтаични централи

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy