- На големото руско малцинство во Естонија и на другите жители што не се државјани на земји од ЕУ им е забрането да гласаат на локалните избори.
- Амандманот, поддржан од 93 од вкупно 101 пратеник, јасно е насочен против 80.000 руски државјани со легален престој во балтичката земја со 1,3 милион жители. По распаѓањето на СССР, во Естонија останаа уште околу 60.000 луѓе без државјанство.
- „Ова е победа за сите. Одлуките за вашиот локален живот нема да ги прават граѓани од агресорски држави, ќе решаваме самите“, порача на Икс премиерот Кристен Михал.
- Граѓаните што не се државјани на Естонија не можат да гласаат на парламентарните избори, но досега имаа право на глас на локалните. На лицата без државјанство им е дозволено последен пат да гласаат на локалните избори во октомври.
- Кога Естонија стекна независност во 1991 година, една третина од жителите беа русофони што се доселиле од други советски републики. За да ги исполнат критериумите за државјанство, тие мораа да докажат крвни врски со Естонија и да положат тест за познавање на естонскиот јазик.
- Доналд Трамп вели дека воената акција во крајна линија им помага на луѓето во Иран бидејќи „тие сакаат да слушаат бомби бидејќи сакаат да бидат слободни“.
- Убеден е дека Иранците не се на улиците за да протестираат како што се надеваа дека ќе биде израелските тајни служби, затоа што „ќе бидат застрелани од режимот“. Кога ќе им престане стравот и кога ќе имаат оружје, ќе излезат.
- За соборениот американски Ф-15, тврди дека Иранците имале среќа.
- Претходно, Иран го одби американсккиот план за примирје доставен преку Пакистан и понуди свој план од 10 точки порачувајќи дека не ги интересира примирје туку траен мир.
- Меѓу другите барања на Техеран се прекинување на регионалните непријателства, воспоставување протокол за безбеден премин низ Ормутскиот теснец, реконструкција на земјата и укинување на санкциите.
- Смртта не е состевн дел од работата само на војниците, рударите или пожарникарите, туку и на оние што возат возови.
- Хрватскиот машиновозач Анте Бркљачиќ вели дека познава само еден од искусните колеги немал смртен случај во кариерата.
- Тој имал 11. Првиот кога имал само 21 година, последниот лани.
- Не сите од тие прегазени несреќници сакале да си го одземат животот. Некои биле невнимателни, некои просто немале среќа, некои биле пијани.
- Анте ги памти сите 11.