- Поранешниот директор на ФБИ, Џејмс Коми, се предаде во среда во Александрија, Вирџинија, каде што беше накратко приведен пред кратко сослушување по обвинението дека му се заканил на Трамп.
- Коми не зборуваше на суд и си замина без никакви услови за ослободување, во видео на Сабстек рече дека „сè уште е невин“.
- Обвинението се темели на фотографија на социјалните мрежи што Коми ја објави минатиот мај, на која се гледаат школки наредени како „86 47“, со натпис „Одлична формација на школки на мојата прошетка на плажа“.
- Терминот „86“ е сленг за да се ослободиш од нешто, а Министерството за правда тврди дека тие бројки претставуваат закана против Трамп.
- Коми рече дека претпоставил дека бројките одразуваат политичка порака, но не и повик за насилство против претседателот, и дека ја отстранил објавата штом видел дека некои луѓе ја толкуваат на тој начин.
- Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
- Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
- Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
- Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
- Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
- Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти.
- Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари.
- Толку е веста. Легни.си.