Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Џими Картер почина на 100

30 декември 2024
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Џими Картер беше 39-от американски претседател, со мандат од 1977 до 1981. Дојде кога требаше да се справи со економската цена на Виетнамската војна а замина убедливо поразен од Роналд Реган (489 спрема 49 електорални гласови).
  • Откако ја напушти Белата куќа, Картер се зафати со важни глобални каузи што му донесоа Нобелова награда за мир во 2002 година. Го убеди Конгресот да ја отстапи американската контрола врз Панамскиот канал, покажа дека може да се постигнат мировни договори на Блискиот Исток и заврши битна етапа за ограничување на стратешкото воружување со Советскиот Сојуз.
  • После филмот „Арго“ на Бен Афлек, излезе овој историски детал: Изборниот штаб на Роналд Реган имал контакти со официјален Техеран за време на прочуената заложничка драма со Американците во Иран. Им ветиле помош и оружје ако не ги ослободат пред изборите, за Џими Картер да не укнижи поени за тоа. После изборите, навистина им го испорачале ветеното.
  • АКТУЕЛНИОТ претседател на САД, уште на 15 март 2023 година се излаја дека тој ќе ја држи посмртната реч за Картер (Бајден не прави само гафови туку и спојлери).

Види и:

Џими Картер: Олигаргхијата владее со изборите

извор

Еднаквост: Во 27 земји 0,1% e повеќе од 80%

3 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Концентрацијата на богатството кај мала група луѓе во 27 земји од светот го надминала нивото во кое 0,1% од возрасната популација поседуваат повеќе од најсиромашните 80% од жителите.
  • Јазот е најдлабок во Русија, а најмалку е изразен во Словачка.
  • Македонија според оваа класификација е меѓу земјите со порамномерна распределба на богатството.
  • Јужна Африка нуди впечатлив пример за тоа колку можат да бидат трајни овие разлики. Студија што го опфаќа периодот од 1993 до 2017 година покажа дека немало трајно намалување на нееднаквоста во богатството по крајот на апартхејдот.
извор

„Лукоил“ ќе заврши кај партнери на Кушнер и Виткоф

3 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Разговорите на администрацијата на Трамп со Русија за крај на војната во Украина се проширија со нафтен договор вреден повеќе милијарди долари, од кој би профитирале деловни луѓе од Блискиот Исток поврзани со двајцата главни американски преговарачи, Стив Виткоф и Џаред Кушнер.
  • Договорот се однесува на голем број нафтени полиња, рафинерии и бензински пумпи ширум светот во сопственост на „Лукоил“, една од најголемите руски енергетски компании.
  • Откако администрацијата на Трамп лани воведе санкции против „Лукоил“, компанијата реши да го продаде својот имот во странство. Министерството за финансии на САД дисквалификува неколку потенцијални купувачи на „Лукоил“.
  • Сега е договорено имотот да биде продаден на група во која учествува инвеститорот Тод Боли, кој донирал 2 милиони долари за политичките цели на претседателот Трамп, на две групи од Блискиот Исток кои соработувале со Кушнер или Виткоф, како и еден огранок на американската влада.
  •  На средбата со Виткоф и Кушнер во Кремљ на 5 септември, Путин предложил договорот да се реализира „како начин да им се покаже на Русите дека можат да соработуваат со САД“. Виткоф и Кушнер имале директна улога во преговарањето за финансиските услови, за да се обезбеди „значителна авансна исплата и удел за САД во добивката“, пишува Њујорк тајмс.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Во Јута ќе се гради дата-центар со 456 нуклеарни реактори

2

Зденка цела да е

Македонштина
3

Фудбалски распад систем на Македонија

Фудбал
4

Сопствен дом е сомнителна инвестиција

Бизнис
5

Еднаквост: Во 27 земји 0,1% e повеќе од 80%

6

Кој ги запали младите во Франција?

Мислења
7

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

8

За македонцките стенд-ап ужаси

Разно
1

Во Јута ќе се гради дата-центар со 456 нуклеарни реактори

2

Сопствен дом е сомнителна инвестиција

Бизнис
3

Еднаквост: Во 27 земји 0,1% e повеќе од 80%

4

Кој ги запали младите во Франција?

Мислења
5

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

6

„Лукоил“ ќе заврши кај партнери на Кушнер и Виткоф

7

АНБ со мирис на УДБА

8

Пропадна дилот за мигранти на Британија и Франција

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Самоил и дупките

Балканштина

Поетски толкувања

Балканштина

Туѓото лесно се подарува

Македонштина

Зденка цела да е

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

На Бали дуќан да имам

Тешко е да снимиш добар албум додека жена ти спие на спрат

Каде е, што прави?

Украина, сè наопачки

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy