Изборот на Трамп за број два на неговиот тикет, сенаторот од Охајо Џеј Ди Венс се очекува дополнително да ја форсира агендата „Aмерика на прво место“ и да ја бутка Украина да бара начин за постигнување мир со Русија.
„Тоа е лоша вест за нас а ужасна за Украина. Венс не ни е сојузник“, цитира Гардијан висок европски дипломат.
Странските дипломати и набљудувачи честопати за политиките на Трам велат дека се „црна кутија“, бидејќи е невозможно со сигурност да се знае што ќе направи непредвидливиот лидер кога ќе биде на власт.
Но, во врска со Украина, односот се чини изгледен со оглед на тоа што Венс беше еден од најгласните противници на постојаните пакети воена и друга помош за земјата.
„Би сакал нашето искуство некому да му помогне да најдат пократок и подобар пат“, им порачува Никола Димитров на надлежните во Загреб и Подгорица кои се најдоа во клинч околу пристапувањето на Црна Гора во ЕУ.
„Знам колку е тешко да се постигне компромис што задира во најчувствителните прашања, а потоа и тој да се брани пред сопствените граѓани. Во истиот град – понекогаш дури и во истиот ден – за едни сте човекот што направил чудо (еве уште не можеме да се изначудиме -н.з.) зачувувајќи го она што е најважно – македонскиот идентитет – додека за други сте некој што отишол предалеку“.
Потписникот на Преспански успева да забележи дека откако ветувањата за во ЕУ се изјаловија, „луѓето почнуваат да се прашуваат дали направиле грешка што верувале во договорот“.
Бездомник од турскиот град Аланија пред суд признал дека намерно го навредил претседателот Реџеп Таип Ердоган, со цел да биде приведен и да добие храна и кревет во затвор.
„Немам каде да престојувам, спијам по депонии“, изјавил 66-годишниот маж на првото појавување пред суд. Признал и дека претходно три пати намерно го навредувал Ердоган, но не го задржале во притвор.
Според Членот 299 од Кривичниот законик на Турција, за навредување на претседателот е предвидена казна од една до четири години затвор.
Иако овој член постои со децении, неговата примена значително се зголеми откако Турција во 2018 година премина кон претседателски систем.
Во периодот од 2016 до крајот на 2025 година, обвинителите отвориле речиси 83.000 предмети за делата навредување на претседателот, знамето и државните симболи, турската нација и државните институции.