ЏД Венс: Ни Русија ни Украина не можат да напредуваат на фронтот
6 јули 2026
- Американскиот потпретседател ЏД Венс изјави дека Русите не можат да постигнат речиси ништо во офанзивните операции на фронтот, ниту пак Украинците можат со своја контраофанзива да ги ослободат окупираните територии.
- „Русите плаќаат висока цена за секој квадратен километар што го освојуваат. Сега се во ситуација каде што шансите да постигнат нешто преку продолжени офанзивни операции се занемарливи и се приближуваат кон нула. Ова би можело да го создаде просторот што ни е потребен за да го донесеме ова прашање до крај“, изјави Венс во интервју за Сандеј тајмс.
- Фронтот, според него, е замрзнат затоа што САД и НАТО ја охрабриле Украина да се фокусира повеќе на одбраната и на исцрпување на Русија отколку да почне скапи офанзиви за освојување на окупираните територии.
- „Ако се сеќавате на летото 2023 година, главниот спор беше дали Украина треба да се обиде со голема контраофанзива. Речиси целиот западен свет, вклучувајќи го и претседателот Бајден, извршија притисок врз Украинците да почнат масовна контраофанзива, што подоцна се покажа како стратешка и тактичка катастрофа“, потсети Венс.