- Двата хеликоптера се оштетени, меѓутоа нема повредени членови на екипажот, ниту скијачи. Според Националната гарда како што слетал едниот хеликоптер дел од неговите перки „се откачиле и го погодиле“ вториот хеликоптер.
- Се работи за два „UH-60 Black Hawk“ хеликоптери на Националната гарда на Јута кои во моментот биле на воена вежба.
- Несреќата се случува во Сноубирд, една од попопуларните скијачки локации во Јута (со капацитет на ски-лифтови од 17.000 патници на час), на некои си 50 километри од Солт лејк сити.
- Израелската армија потврди дека е автентична фотографијата што се шири на социјалните мрежи, на која се гледа како израелски војник со голем чекан ја удира главата на Исус на статуа што паднала по израелски напад врз христијанското село Дебл во јужен Либан.
- Северната команда објави дека се спроведува истрага за инцидентот, дека „ќе бидат преземени соодветни мерки против одговорните за инцидентот во командниот синџир“ и дека „се соработува со локалната заедница за да се врати статуата на своето место“.
- Пред да постигне договор за прекин на огнот во Либан, Израел протера близу 1 милиони Либанци од територијата јужно од реката Литани, уништи многу села и сè уште ја окупира територијата.
- „Господе, прости им, зашто не знаат што прават“.