- Голем број од студентите кои добиле скапа стипендија од државниот буџет за студии на еден од првите сто рангирани универзитети на Шангајската листа не се вратиле во земјава.
- МОН нема анализа за нивната кариера по дипломирањето, ниту, пак, тие што останале во странство ја вратиле стипендијата во десеткратен износ како што е пропишано во конкурсот.
- За додипломски студии, стипендиите кои ги дава Македонија се во годишен износ од 40.000 евра, а за магистерски 36.000 евра. Притоа, министерот за образование и наука има дискрециско право во одлучувањето.
- Во последниве 13 години на стипендирање студенти на првите 100 универзитети на Шангајската листа Македонија потрошила меѓу 10 и 25 милиони евра потрошила Македонија
- Администрацијата на Трамп привршува план за продажба на 40.000 бомби МК-84 на Израел, секоја од по 900 килограми.
- Експлозијата на бомбата МК-84 – една од најмоќните во арсеналите - исфрла метални фрагменти стотици метри во сите правци и може да пробие метал и дебел бетон. Израел фрлил стотици МК-84 врз Газа и Либан, дури и врз зони означени како „безбедни“ за цивилите.
- Пакетот во вкупна вредност од 2,8 милијарди долари вклучува и продажба на 20.000 боеви глави I-2000, наменети за пробивање утврдувања.
- Иако трансакцијата се опишува како продажба, за бомбите всушност плаќаат САД преку механизмот за Странско воено финансирање.
- Администрацијата на Трамп врши притисок врз лидерите на надлежните комисии на Конгресот да ја одобрат продажбата. Комисиите досега поддржувале вакви продажба, но во јули повеќе од 100 демократски конгресмени гласаа за прекин на секаква американска помош за Израел. И сè поголем број конзервативни коментатори, вклучувајќи ги Мегин Кели, Такер Карлсон и Кендис Овенс, се против помошта од 3,8 милијарди долари што САД му ја испраќаат на Израел секоја година.