- Танкер за сурова нафта во сопственост на турска компанија бил погоден во координиран напад со летечки и пловечки дронови близу Истанбул, 14 милји од Босфор. Никој не ја презеде одговорноста за нападот.
- Танкерот „Алтура“ испловил со 140.000 тони сурова нафта од Новоросијск, на рускиот брег на Црно Море. Дроновите предизвикале штета на палубата и во машинското одделение, кое се наполнило со вода.
- Министерот за транспорт Абдулкадир Уралоглу изјави дека нема повредени меѓу 27-те члена на екипажот.
- Танкерот бил под санкции од Европската Унија, класифициран како брод од „Флотата во сенка“ на Русија.
- Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
- Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
- Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
- Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
- Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
- Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти.
- Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари.
- Толку е веста. Легни.си.