- Неидентификувани беспилотни летала биле забележани над воената база во Вашингтон во која живеат државниот секретар Марко Рубио и министерот за одбрана Пит Хегсет.
- Итно била засилена безбедноста на базата „Лесли Мекнер“ и бил свикан состанок во Белата куќа за да се разгледаат опциите за евентуално преместување на Рубио и Хегсет на друга локација.
- Базите „Мекгваер-Дикс-Лејкхарст“ во Њу Џерси и „Мекдил“ во Флорида пред неколку дена ја зголемија безбедноста на нивото „Чарли“, што значи дека има предупредувања од разузнавачки служби за можен напад или опасност. Највисокото ниво на тревога „Делта“ е кога се очекува напад.
- Форт Мекдил - дом на Централната команда, одговорна за воените операции на САД против Иран – во понеделникот била затворена неколку часа додека ФБИ истражувал сомнителен пакет, а во средата исто така имало тревога поради безбедносен инцидент.
- Стејт департментот во вторникот им нареди на сите американски дипломатски мисии низ светот веднаш да спроведат безбедносни проценки, поради „тековната ситуација на Блискиот Исток и потенцијалот прелевање на последици“.
- Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
- Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
- Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
- Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
- Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
- Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти.
- Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари.
- Толку е веста. Легни.си.