- Од еколошките даноци за енергентите, за транспортот и од надоместокот за загадување, во државната каса годишно се собираат над 200 милиони евра, или 1,9 проценти од бруто-домашниот производ. Покрај еколошките даноци, се собираат и пари од разни надоместоци за извршени услуги за заштита на животна средина (во 2020 година се собрале 25 милиони евра).
- Овие бројки ги открива Државниот завод за статистика, но податоците за расходите, односно за трошоците за заштита на животната средина, покажуваат дека тие се значително помали од еколошките приходи?!
- Ова особено било изразено во 2019 година кога од еколошки даноци се собрале 219 милиони евра (плус пари имало од надоместоците, на пример, за управување со отпад), но за заштитата на животната средина се потрошиле вкупно 123 милиони евра.
- Српскиот медиумски регулатор РЕМ изрече неколку казни за телевизијата Информер.
- Казнети се со петдневна забрана на емитување реклами а добија и две забрани за емисијата Колегиум во траење од 10 и 15 дена.
- Казните се изречени заради навреда на член на РЕМ и повреди на правилникот за известување за време на изборната кампања.
- На истата седница на РЕМ казни добија и телевизиите Прва и Курир (види овде).
- Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја номинираше Кристи Мекормик од Калифорнија за нова американска амбасадорка во Македонија, на местото на Анџела Агелер, која ја извршуваше функцијата до јануари годинава.
- Номинацијата вчера официјално била доставена до Сенатот, кој треба да ја одобри со гласање од Комитетот за надворешни работи.
- Мекормик не е дипломат од кариера, но работела како виш правен советник во амбасадата на САД во Багдад.
- Од 2014 до 2026 година била комесарка и претседателка на независната федерална Комисија за изборна помош на САД, а претходно извршувала правосудни и државни функции во сојузната држава Вирџинија.