ЦИА на својот канал на Јутјуб објави ново видео што треба да привлече разочарани кинески војници да соработуваат за САД.
На снимката на мандарински јазик е прикажан кинески офицер што решил да контактира со ЦИА и порачува: „Ова е светот што го познавам, одбрана на татковината и заштита на народот. Но, вистината станува сè поочигледна: лидерите го штитат личниот интерес. Не можев да дозволам лудилото на лидерите да биде иднината на мојата ќерка“.
Ова е петтиот видео-оглас на ЦИА на мандарински јазик за регрутирање кинески шпиони по октомври 2024 година. Директорот Џон Ратклиф вели дека видеата стигнале до многу кинески граѓани, и покрај фактот што во Кина им е блокиран пристапот до Јутјуб.
На оваа тактика, Кинезите лани возвратија со видео во сличен формат во кое се подбиваат со животот во САД и ги предупредуваат Американците дека „нивните лидери се корумпирани, а елитата од Волстрит манипулира со финансиите“.
Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти.
Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари.