- Израелските одбранбени сили го одобриja „главниот концепт“ на контроверзниот план на владата на Бенјамин Нетанјаху за заземање и окупација на градот Газа. Врз основа на концептот Генералштабот ќе планира соодветни воени акции.
- Одлуката била донесена по средба на началникот на Генералштабот, Ејал Замир, со високи офицери од тајната полиција Шин Бет.
- Генералот Замир пред една недела остро се спротивстави на владиниот план за целосна окупација на Газа. Истакна дека тоа го зголемува ризикот за животите на израелските заложници на Хамас и предупреди дека војската е исцрпена за толку сложена операција. Тој предложи алтернативна стратегија за стегање на обрач околу преостанатите групи на Хамас во Газа.
- Владата го одби тој план. Министерот за одбрана Израел Кац го обвини генералот Замир дека прекршувал протоколи, унапредувал офицери и ангажирал советници без дозвола од Министерството.
- Денешното соопштение на ИДФ навестува дека спорот е надминат. Нападот врз квартот Зејтун во Газа што почна во вторникот се смета за подготовка за обемната офанзива на копнените сили, која треба да се спроведе до 7 октомври - втората годишнина од терористичкиот напад на Хамас врз Израел.
- Британија и Франција постепено ќе го укинат договорот за размена на мигранти според принципот „еден внатре – еден надвор“, бидејќи биле депортирани премалку лица.
- Од склучувањето на договорот во август 2025 година па заклучно со 1 октомври годинава, во Франција биле вратени повеќе од 1.500 нелегални мигранти, а во спротивна насока биле префрлени нешто помалку од 1.500 легитимни баратели на азил во Британија.
- Проценетите трошоци за шемата изнесуваат 56.000 фунти по вратен мигрант, што достигнува вкупна сума од околу 84 милиони фунти.
- За споредба, во истиот период повеќе од 40.000 нелегални мигранти пристигнале во Обединетото Кралство со мали чамци.
- Лондон бил подготвен да го продолжи договорот, но Париз одбил, со образложение дека сака шема за враќање на ниво на целата Европска Унија.
- Изминатиот септември беше првиот по 32 години во кој немало ниту еден ураган во Атлантикот. Ова се случило само три пати досега – во 1994, во 1972 и во 1962 година.
- Просекот е 7 урагани во сезона, од кои 2 до 3 се во септември.
- Аномалијата се смета за последица на пацифичкиот климатски феномен Ел Нињо, за кој се предвидува дека годинава ќе биде најсилен досега.
- Оваа година може да биде првата без ниту еден ураган во Атлантикот откако во 1950 година почна да се води прецизна евиденција. Во просек во октомври се формира по еден ураган годишно, а повремено може да има и во ноември.
- Најмалку, само по два, имало во 1982 и 2013 година.