- Конзервативецот Фридрих Мерц не ги доби потребните гласови за да биде избран за канцелар во првиот круг од гласањето во Бундестагот.
- На тајното гласање, за владата на Мерц гласале 310 пратеници, 6 помалку од мнозинството. Партиите од неговата коалиција имаат вкупно 328 пратеници.
- Никогаш досега во историјата на повоена Германија номинираниот кандидат за канцелар не бил блокиран на првото гласање во Бундестагот.
- Ако опозицијата се согласи за промена на дневниот ред, второто гласање може да се одржи денеска. Ако не, можно е во петок.
- Излегував од кино, кога слушнав реченица: „Филмов беше срање“. Филмот навистина беше лош, филмска катастрофа, ама никој не рече „катастрофа“: младите луѓе се навикнати да го користат зборот „срање“ за секоја ситуација што не е пријатна. Ако имаат проблем со законот, се степале па дошла полиција, велат „настанаа срања“ (множина).
- Повеќемина пријатели ми забележаа дека укажувам само на РАЗЛИКИТЕ, а не и на сличностите меѓу стариот изумрен и новиот прекрасен свет, меѓу светот на мојата и светот на младите генерации. Затоа, во оваа колумна тврдам: ако нешто остана исто и во вчерашниот изумрен и во сегашниот прекрасен нов свет, ако нешто преживеа – тоа е овој збор. „Срање“.
- Не само зборот туку и нештата што се означуваат со него. Еден вид константа на световите, без разлика кој владее со нив.
- Астронаутите на Артемис II кои сега се наоѓаат поблиску до Месечината отколку до Земјата, се соочуваат со многу овоземен проблем: нужникот не им работи.
- Проблемите настанале веднаш по полетувањето а од тогаш тоалетот те работи, те не работи.
- Астронаутите пријавиле непријатен мирис а капетанот на посадата уверува дека се добро и дека се тренирани за разни предизвици.
- Дописни водоводџии на НАСА претпоставуваат дека мраз ја има заглавено одводната цевка.