Бугарски брод го оштетил кабелот под Балтичкото море
29 јануари 2025
- Можно е бродот да го оштетил кабелот, но во никој случај не верувам дека се работи за саботажа или некаква акција на нашата екипа, изјави директорот на компанијата БМФ, Александар Калчев.
-
Пред некое време, шведските власти го запленија нивниот брод Вежен кој пловел под знамето на Малта поради оштетување на подводен кабел во Балтичко Море.
-
Калчев вели дека е можно бродот да направил беља поради екстремно лошите услови во кои пловел.